Аустин Русе: ОOН врши притисок врз Католичката црква да ја промени својата наука по прашањата за абортус, контрацепција и хомосексуалност
Аустин Русе, шеф на американскиот институт за човекови права и семејства (C-FAM) се огласи по повод неодамнешниот извештај на ОOН во кој остро се критикува Католичкката Црква, која се обвинува за толерирање и ослеснување на педофилски злосторства и рече дека овој напад е поврзан со настојувањата Ватикан да го изгуби статусот на набљудувач во Обединетите нации.
Русе тврди дека тука не станува збор за заштита на децата од педофилите, туку има некои други цели и потсети дека ваквиот извештај е направен откако набљудувачот на Светата Столица при ОН, архиепископот Томаси на 16 јануари оваа година дури осум часа пред комисијата на ОН презентираше што Ватикан направи и прави во борбата против педофилијата. Американецот рече дека авторите на документот вршат притисок врз Католичката црква да ја промени својата наука по прашањата за абортус, контрацепција и хомосексуалност. За потсетување е дека во извештајот на Ватикан му се сугерира дека мора да ги промени своите ставови кон овие прашања, што во Ватикан е протолкувано како загрозување на верската слобода.
„ОН сакаат да и наредат на Црквата да им се дозволи на децата секс и абортус“ изјави угледниот католички активист, кој веќе со години е ангажиран во ОН при договарање за разни социјални мерки, при што ја брани католичката линија. Со други зборови, ја познава ситуацијата во таа меѓународна организација.
Понатаму, Русе тврди, дека овој извештај е поврзан со кампањата на одредени невладини организации кои сакаат да ја тргнат Светата Столица од ОН и да го редуцираат нејзиниот статус од набљудувач на обична недржавна организација. На тој начин од ОН ќе биде тргната главната сила која го брани животот на неродените и семејството од обидите комплетно да се промени меѓунардоното право. Русе е прецизен: освен проабортивните, како ги нарече „квазикатолички“ здруженија „Католици за избор“ станува збор за сојуз со планирано родителство (Planned Parenthood Federation), проабортивнитата организација, Marie Stopes International, центар за репродуктивни права (Center for reproductive rights), како и здружението SIECUS, која застапува пермисивно сексуално воспитание.
Русе повика да се брани Католичката Црква пред овие напади и тоа не само католиците, туку сите оние на кои им се важни верската слобода, животот и семејството. Декларацијата за подршка може да се потпише тука.
Битно нет/го*ко/