Аргентинскиот дневен весник „Ла Насион“ објави интервју со папата Фрањо

За Синодата посветена на семејството, за реформите во Црквата и Ватиканската банка и за својот живот во домот Света Марта, Папата зборуваше опширно со новинарката на аргентинскиот дневен весник „Ла Насион“, Елизабета Пике, а исто така истакна дека синодскиот процес во ослушнување на Светиот Дух треба да оди без страв напред.

„Синодата не е парламент, туку „отворен“ простор кој го штити Светиот Дух“. Одговарајќи опширно на прашањето за последната Синода посветена на семејството, Папата рече дека е еден вид на „поедноставување“ да се зборува за поделба на синодалниоте отци на два табора, а повторно ја истакна и важноста на „јасниот говор и понизното слушање“.

Семејството е во криза, рече Папата додавајќи дека „бракот денес е општествен случај“, и затоа мора да се запрашаме, како и самиот папа Бенедикт XVI, колку бракови навистина се склучени во вера и со вера, за степенот на свесност на луѓето кои стапуваат во брак, а тоа е важно за валидноста или поништувањето на бракот, истакна Светиот Отец.

Во однос пак на загриженоста на некои поради тоа што на Синодата беше речено за истополовите заедници, Папата појасни дека „никој на Синодата не говореше за истополов брак“. Стана збор за тоа како да им се помогне на семејствата кои имаат син или ќерка со истополова склоност; значи, како да му се помогне на такво семејство да се снајде во таква „непозната ситуација“. Се зборуваше за односот на членовите во таквото семејство, а таа стварност се среќава и во исповедалницата, рече Папата.

Со обѕир на забелешките на синодскиот извештај по расправата, Папата забелеша дека тоа беше првиот нацрт план, „релативен документ“. Осврнувајќи се пак на покажаната плашливост, рече дека треба да се чита одлуката на Синодата, а не некоја вестиил статија. Што е важно на Синода? – прашува Папата. Извештајот по Синодата, завршната порака и завршниот говор на Папата се важни документи, истакна Папата и додаде дека не треба да се плашиме да одиме напред под водството на Светиот Дух.

Во завршниот говор зборував дека не се расправаше за црковната наука за бракот. А во однос на разведените и повторно оженетите во нов цивилен брак, Папата потсети на пасторалните потешкотии и дека не е решение овозможувањето на причестување. Решението е вклучување. „Вистина е дека не се екскомуницирани, но не можат да бидат кумови на Крштение, не можат да читаат на Литургија, не можат да делат Причест, не можат да предаваат катехизам, тоа изгледа како да се пак екскомуницирани, истакна Светиот Отец, додавајќи дека затоа треба „малку повеќе да се отвори вратата“.

Папата рече како некои сметаат дека таквите луѓе се непримерни, не даваат добро сведоштво, а истовремено „на некој расипан политичар“ му се овозможува да биде кум на Крштение, се прифаќа бидејќи се венчал во Црква. Треба значи да се променат некои работи, односно критериуми. А на забелешката дека некои му приговараат на збрката, Папата одговори: „постојано зборувам, проповедам, а тоа е учителство“. Тоа е она што го мислам, а не она што го велат весниците дека го мислам“. „Енцикликата „Радост на Евангелието“ е многу јасна, истакна папата Фрањо.

Одговарајќи на прашањето за реформата на Римската курија, рече дека станува збор за бавен процес и дека нема да биде завршена во 2015 година. Објасни дека се разговара за предлогот да се обедини Советот за лаици, за семејство и за Правда и мир. Истакна дека поважна му е „духовната реформа, реформата на срцата“, додавајќи дека за Божиќ спрема еден говор за членовите на Куријата и еден за ватиканските работници со семејства, кои ќе ги прими во салата Павле VI.

Папата истакна дека не е загрижен поради различните мислења за тоа како да се реформира Куријата и потсети дека е одлучено на заедничките средби на кардиналите пред Конклавата дека Куријата треба да се преструктуира. Ватиканската банка функционира многу добро, а и економската реформа оди напред, додаде папата Фрањо.

Говорејќи пак, за својот живот истакна дека, кога беше избран за папа, самиот себе си рекол: „Хорхе, немој да се менуваш, биди тоа што си, бидејќи е смешно да се менуваш на твои години“. Говорејќи пак за здравјето, рече дека повеќе или помалку ги чувствува проблемите што ги чувствуваат сите на негови години, но дека се наоѓа во Божји раце и дека до сега добро ги поднесува работните напори, притоа во шега истакна дека Бог го обдарил со „здрава одлика на непромисленост“.

Одговарајќи на прашањето за можните апостолски патувања, Папата истакна дека можеби во 2016 година ќе ја посети Аргентина и дека во програмата за 2015 се планирани три посети на три држави од Латинска Америка и Африка.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот