Апел на папата Фрањо за Светскиот ден на борба против ХИВ/сида

Апел на папата Фрањо за Светскиот ден на борба против ХИВ/сида

На крајот од Генералната аудиенција во среда 30 ноември 2016 година во салата Павле VI папата Фрањо потсети на 1декември – Светскиот ден на борба против ХИВ/сида, прогласен од Обединетите нации.

„Милиони луѓе живеат со оваа болест и само половина од нив имаат пристап до животоспасувачка терапија“ – истакна Папата и повика на молитва за болните и нивните блиски, како и на солидарност за да „можат и најсиромашните да имаат корист од соодветната дијагноза и терапија.

„Повикувам до сите за одговорно однесување при превенцијата за да се спречи понатамошно ширењето на оваа болест“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот