На крајот од Генералната аудиенција на 3 април 2019 година папата Фрањо упати апел по повод 6. Меѓународен ден на спортот за развој и мир.
„Денес се одбележува 6. Меѓународен ден на спортот за развој и мир, кој го прогласија Обединетите нации. Спортот е универзален јазик кој ги опфаќа сите народи и помага при надминувањето на судирите и поцврсто поврзување меѓу луѓето. Спортот исто така е извор на радост и големи емоции, како и училиште во кое се обликуваат крепостите за човечки и општествен раст на луѓето и заедниците. Сакам сите вие да „заиграте“ во животот како во спортот“ – рече Папата Фрањо во својот апел.
Ватикан њуз/к.мк