После молитвата Ангел Господов на 14 март 2021 година, папата Фрањо повторно ја поттикна меѓународната заедница да се ангажира за „саканата и измачена Сирија“, десет години по почетокот на конфликтот, за нејзиното измачено население да му даде мала надеж. Нека ангажирањето на сите конфликтни страни биде конструктивно и солидарно за да замолчи оружјето и да започне и обнова и економско закрепнување.
Папата Фрањо после пладневната молитва упати нов апел до конфликтните страни во Сирија, за да покажат знаци на добра волја, за да се даде трошка надеж на исцрпеното население, но посака и одлучна, обновена, конструктивна и солидарна ангажираност на меѓународната заедница за да се одложи оружјето и да се поправи општественото ткиво и да започне обновата и економското закрепнување. Папата сите ги замоли да го молат Господ големите страдања во саканата и напатена Сирија да не бидат заборавени и нашата солидарност да ја оживее надежта.
Ватикан њуз/к.мк