Ангел Господов: Папата мисли на младите и жртвите од авионската несреќа
На крајот од светата Миса на празникот Цветници, папата Фрањо посебно ги поздрави младите и потсети на Светскиот ден на млади, кој ќе се одржи наредната година во Краков, Полска – татковина на свети Иван Павле II. Тема на таа голема средба – потсети Светиот Отец – ќе биде „ Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, што добро се совпаѓа со година на милосрдието. „Дајте да се исполните со нежноста на Отецот, за да ја ширите и вие понатаму“ – порача Папата на младите.
„Сега да се обратиме со молитва до Марија, нашата мајка“ – продолжи Светиот Отец, повикувајќи на попладневната молитва Ангел Господов“. „Да учиме од неа, верна Девица за да го следиме Господ и тогаш кога неговиот пат донесува крст“ – поттикна, предавајќи ги на нејзиното застапништво жртвите од минатонеделната авионска несреќа.
РВ/го*ко