Ангел Господов: Исус е моќен Учител со збор и дела

Ангел Господов: Исус е моќен  Учител со збор и дела

Исус е наш Учител, моќен на збор и дела, кој ги осветлува патиштата во нашиот живот и ни дава сила да ги надминеме напастите и искушенијата. Тоа го истакна папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов, која ја молеше од Апостолската палата во Ватикан во недела 28 јануари 2018 година. Папата заборуваше за неделното Евангелие (Марко 1,21-28) во кое Исус проповеда „со власт” во синагогата во Капернаум и се покажува како „силни пророк”, а исто така може да го прогонува нечистиот дух, ѓаволот.

„И се чудеа на Неговата наука, оти Он ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците“ (Марко 1,22) – така Исус се покажа како пратеник и тоа не како обичен човек кој својата наука ја темели на претходната традиција, туку Исус донесува нова и силна наука – напомена Светиот Отец.

Исус се објавува со своите моќни дела. „Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи: О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејче! Си дошол ли да нè погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји! Но Исус му забрани, велејќи: „Молкни и излези од него!” Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со висок глас и излезе од него.“ (1,23-26)

И Сатаната е во право, Исус дојде за да го уништи! – истакна Папата и додаде: Семо неколку Исусови зборови беа доволни да го истера нечистиот дух од тој човек. Тоа остава силен впечаток кај луѓето. „И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова?! И какво е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?” И одеднаш се разнесе глас за него по целиот крај Галилејски.“ (1,27-28).

Исусовта моќ ја потврдува силата на неговата наука. Не само што зборува, туку и делува. Евангелието е полно со настани во кои се гледа како Исус во своето послание ја овоплотува Божјата љубов како со зборови, така и со дела. Денешното Евангелие ни покажува дека Исус е наш Учител, моќен на збор и на дело – продолжи папата Фрањо. Исус на сите ни навестува светло кое понекогаш ги оствелува мрачните патеки на нашиот живот. Ни ја навестува потребната сила како би ги надминале тешкотиите, искушенијата и напастите. Исус истовремено е учител и пријател кој ни го покажува патот и нѐ пази, посебно кога сме во потреба – рече Светиот Отец и на крајот ја замоли Блажена Девица Марија во бројните звуци во светот кои нѐ опкружуваат да го препознаеме словото на нејзиниот Син, кој му дава смисла на нашето постоење и нѐ ослободува од секое ропство, па и од злото.

После молитвата Ангел Господов папата Фрањо рече дека до него стигнале трагични вести за терористичкиот напад во Авганистан. Имено, најмалку 103 лица загинаа во вчерашната експлозија на автомобил бомба во главниот град Кабул, а повеќе од 230 лица се ранети. Станува збор за еден од најтешките напади во Кабул во последните години, а трет овие денови. Одговорноста за нападот го презедоа талибанците. Уште колку долго авганистанскиот народ ќе го поднесува ова нечовечко насилство? – праша Светиот отец повикувајќи на молитва за жртвите, нивните семејства, како и за сите оние кои работат за мир во таа земја.

Потоа Папата потсети дека денес се одбележува Светскиот ден на заболените од лепра. Предупреди дека од таа болест посебно се погодени оние во најголема потреба. На болните им ја гарантира својата близина и солидарност, истовремено повикувајќи на молитва за оние кои се блиски на погодените и кои работат на нивната општествена интеграција.

Благодарејќи им на младите од Католичка акција во Римската бискупија за нивното ангажирање за мир, папата Фрањо ги поттикна бројните млади собрани на плоштадот Свети Петар да не се изморат меѓу своите врсници да бидат орудие за мир и радост. Имено, младите дојдоа кај Папата по повод завршувањето на „Караванот за мир“, а двајца од нив стоеја покрај Светиот Отец и прочитаа пригодна порака.

На крајот во воздух пуштија стотина шарени балони како симбол на мирот, притоа некои балони се закачија. Папата ја искористи таа прилика да даде кратка поука за молитвата. Дали ги видовте овие балони? Кога лошо се молиме, кога живееме онака како што не сака Исус, тогаш нашите молитви не пристигнуваат, и од таа причина е потребна помош за да стигнат горе. Кога ќе забележите дека вашите молитви не се воздигнуваат, тогаш побарајте помош од некој – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот