Ангел Господов: Да ја шириме екологијата на праведност и милосрдие

Ангел Господов: Да ја шириме екологијата на праведност и милосрдие

Во обраќањето за време на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо повика да учиме од сиромашните по дух, кои го препознаваат доброто што доаѓа од Бога и го ценат она што го добиваат. Исто така, поттикна да ја цениме вредноста на самите себе, и другите луѓе и работи; тоа е принцип – истакна Папата – што често се занемарува, пред сè во побогатите општества. Секој човек треба да се смета за свет и единствен дар.

Не фрлајте; така нè учат сиромашните по дух, кои се меѓу оние кои во делот на Евангелието според Матеј од Литургијата за 4. Недела во годината, Исус ги нарекува блажени. Папата Фрањо го истакна тоа во својата пладневна проповед за времен на молитвата Ангел Господов во недела 29 јануари 2023 година, објаснувајќи дека сиромашните по дух се оние кои знаат дека не се доволни сами за себе и живеат како „Божји просјаци“; чувствуваат дека им е потребен и препознаваат дека доброто доаѓа од него, како дар, како благодат. Кој е сиромашен по дух, го цени она што го добива – додаде Папата – затоа сака да не се фрла дарот; сиромашните по дух се трудат со ништо да не се расфрлаат. Исус, исто така, нè учи да не трошиме; на пример,  откако ги умножи лебовите и рибите, побара да се собере она што преостанало за да не се фрли ништо.

Кога не фламе, тоа ни овозможува да ја цениме вредноста на самите себе, луѓето и работите. Но, за жал, ова е принцип кој често се занемарува, посебно во побогатите општества, каде што преовладува културата на трошење и фрлање.

Предизвици против фрлањето

Наспроти менталитетот на фрлање, Светиот Отец нуди три предизвици: да не го фрламе дарот, кој што сме самите, да не ги фрламе даровите што ги имаме и да не ги отфрламе луѓето. Пред сè, треба да се започне од себе.

Секој од нас е едно добро, без оглед на доблестите што ги поседуваме. Секоја жена, секој маж е богат не само со таленти, туку и со достоинство, е сакан/а од Бога, важен/важна е, скапоцен/а е. Исус нè потсетува дека не сме блажени поради она што имаме, туку поради она што сме.

Значи, вистинско сиромаштво е кога човек се препушта и се предава, кога се расипува самиот себе. Затоа мораме да се бориме, со Божја помош, против искушението да се сметаме себеси за незрели, погрешни и самите себе да се сожалуваме.

Денес, околу една третина од произведената храна се фрла

Во однос на фрлањето на она што го имаме, Папата потсети дека секоја година се фрла приближно една третина од вкупното производство на храна во светот.

И сето тоа се случува, додека многумина гладуваат! Создадените добра не смееат да се користат на тој начин; добрата мора да се чуваат и да се споделуваат, на никој да не му недостига она што е потребно. Да не го фрламе она што го имаме, туку да шириме екологијата на праведност и милосрдие!

Не смееме да ги отфрламе луѓето

Културата на отфрлање ги искористува луѓето и ги отфрла кога веќе не се потребни, интересни или кога стануваат пречка. Така се третираат најслабите – забележа Римскиот бискуп и додаде: неродените деца, постарите, луѓето во потреба и обесправените.

Но, луѓето не треба да се отфрлаат, никогаш! Секој е свет и уникатен дар, на секоја возраст и во секоја состојба. Да го почитуваме и промовираме животот, секогаш!

Да размислуваме за сопствениот начин на живот

Папата затоа ги охрабри сите да се запрашаат како се живее духовното сиромаштво, за местото што го има Бог во нашите животи, дали го сметаме за наше богатство и дали веруваме дека Тој нè сака или се отфрламе со тага, заборавајќи дека сме дар. Освен тоа, повика на одговорно користење на работите, а исто така и да внимаваме да не се фрла.

На крајот, папата Фрањо поттикна испитување на совеста за нашата сопствена подготвеност да споделуваме добра со другите, за тоа како се однесуваме кон најслабите – „скапоцените дарови што Бог бара од мене да ги чувам“ – и дали мислиме на оние кои се лишени од најпотребно.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот