Адвентски Миси Зорници во Скопје

Преку „Адвентот“, време на подготовка за прославата на Христовото раѓање – Божиќ, во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје секое утро се слави Света Миса – Зорница во 6.30 часот, освен во недела.

Мисата со пригодна проповед ја предводат скопскиот парох и парохискиот викар, а на мисата се собираат околу педесетина верници. За време на мисата собраната заедница редовно моли псалми од Часословот на Божјиот народ и предводени со водителката на катедралниот хор с. Татјана Атанасова пеат традиционални адвентски песни.

Мисите Зорници ја симболизираат христијанската будност и спремност на Христовото доаѓање. Христијаните кои стануваат уште во ноќта, во темнина одат во црква во исчекување таму да ги засјае Сонцето – Христос Господ и на тој начин се подготвуваат со силата на верата на еден подлабок начин да влезат во славењето на таинството Божиќ.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот