Абортус!? Кое дете да се одбере?

Загрижена мајка влегува кај својот гинеколог, со зборовите:

„Докторе, имам сериозен проблем и очајнички ми е потребна вашата помош. Моето бебе нема уште ниту една година, а јас повторно сум бремена. Не сакам друго дете толку брзо.“

„Што сакате да направам?“, ја прашал докторот.

„Сакам абортус, веднаш сакам да ја прекинете мојата бременост. Не сакам никакви советувања… ништо. Сметам на Вас.“

Докторот малку размислил и одговорил: „Имам подобро решение за Вашиот проблем. Освен тоа и помалку е опасно.“

Жена се насмевнала, мислејки дека лекарот ќе го прифати нејзиното барање.

А тој продолжил: „Гледајте, за да не мора да се грижите за две деца во исто време, ајде да го убиеме она што ви е во рацете. На тај начин ќе можете да се одморите пред да се роди другото. Ако веќе треба да убиеме едно, сеедно е кое ќе биде тоа, нели? Освен тоа нема никаков ризик за Вас, ако го убиеме она што е во Вашите раце.“

Жената извикала: „Не докторе! Ужас! Да се убие дете е злосторство!

„Се согласувам“ рекол доктор, „но мене ми изгледаше дека тоа не Ви пречи, затоа Ви го предложив најдоброто решение.“

Докторот успеал да ја убеди мајката дека нема разлика помеѓу убиство на неродено и веќе родено дете. Злосторството е исто, само што многумина не се свесни дека детето веќе постои, живее, уште од самото зачнување! Абортусот не е ништо друго, туку одземање на живот, кое пак уште се нарекува и убиство!

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<