„Click to pray“ на седум јазици

„Click to pray“ на седум јазици

Официјалната платформа на Папската Светска молитвена мрежа од сега е на седум јазици. Таа е средство за молитва за наканите на Папата во заедништво со многу други луѓе во светот.

Апликацијата „Click to pray“ е започната во Тајван на традиционален кинески јазик. Оваа апликација е започната на стадионот во Јунлин за време на завршното славење на четвриот национален евхаристиски конгрес во Тајван, со кој претседаваше Папски претставник, кардинал Фернандо Филони, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите.

Страницата www.clicktopray.org сега нуди содржини на седум јазици: шпански, англиски, италијански, француски, португалски, германски и традиционален кинески и го вклучува папскиот личен профил каде се наоѓаат неговите накани и молитви за Црквата.

На таа интернет страница се наоѓаат три рубрики: „Молете со Папата, со молитвените накани за секој месец, кои ги избира Папата; „Молете секој ден“ каде има три различи молитви за текот на денот: наутро, напладне и навечер. Третата рубрика е „Молете во мрежата“, простор во кој корисниците можат да ги споделат своите молитви и да молат еден за друг. Во тој последен дел се наоѓа и личниот профил на Папата, кој е активиран на 20 јануари, после молитвата Ангел Господов. Апликацијата „Click to pray“ може да се преземе со оперативните системи на андорид и иос.

Посланието на Папската светска молитвена мрежа е да се моли заедно со Црквата. Основана е 1844 година како Апостолат за молитва, кој е присутен во 98 земји и во него учествуваат повеќе од 35 милиони католици.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот