Честитки од папата Фрањо до верниците кои го слават Божиќ според Јулијанскиот календар

Честитки од папата Фрањо до верниците кои го слават Божиќ според Јулијанскиот календар

Во среда 6 јануари 2021 година папата Фрањо испрати честитки до верниците на Источните цркви кои го слават Божиќ според Јулијанскиот календар.

„Со љубов им се обраќам на браќата и сестрите од источните, католичките и православните цркви, кои според нивната традиција, утре го слават Рождеството на Господ. На нив им ги упатувам своите искрени желби за свет Божиќ, во светлото Христостово, нашиот мир и нашата надеж“ –  рече папата Фрањо во обраќањето по молитвата Ангел Господов која предводеше на празникот Богојавление.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот