Телеграма од Папата за упокојувањето на надбискупот Џузепе Питау

Папата Фрањо, во телеграмата испратена до Генралниот поглавар на Друштвото на Исус, отец Адолф Николас, изрази сочувство за смрта на надбискупот Џузепе Питау, исусовец и „голем апостол на Јапонија“.Надбискупот Питау почина на 26 декември во Токио, на 86 годишна возраст. Во телеграмата Папата се осврнува на покојниот како на „примерен Божји слуга кој живееше за Евангелието“ и се потсетува на „неговиот великодушен мисионерски апостолат во Јапонија“ но и за неговата служба како ректор на ‘Универзитетот Софија’ во Токио како и на ‘Папскиот Универзитет Грегоријана’ во Рим. Покојниот беше исто така и секретар на Конгрегацијата за католичко образование од 1998 – 2003 година.

„О. Питау беше голем мисионер, голем исусовец и голем слуга на Црквата“, рече за покојниот директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, о. Федерико Ломбарди, истакнувајќи дека бил придружник и толкувач на папата свети Иван Павле II, за време на неговата посета во Јапонија и дека му помагал на патер Паоло Деца во управувањето на Друштвото на Исус, откако тогашниот поглавар патер Педро Арупе, доживеал мозочен удар. За бискуп беше хиротонисан во 1998 година. Откако наполни 75 години, посака да се врати во Јапонија, каде до својата смрт ја вршеше свештеничката служба. За неговите заслуги во областа на културата, бил награден со највисоката јапонска награда, Хризантема.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот