Твитер порака на Папата до младите

Ватикан, 19.7.2013 /к.мк/ – Преку својот Твитер профил папата Фрањо во петок 19 јули ги поздрави младите кои идната седмица ќе учествуваат на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. „Многумина од вас веќе пристигнаа во Рио, а многумина пристигнуваат во овие часови. Се гледаме за само три дена“ пишува папата Фрањо на Твитер профилот @Pontifex.

Во Рио де Жанеиро пристигнуваат млади од целиот свет. Папата во овој бразилски град ќе пристигне во понеделник попладне. (го*ко)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<