Сепак се случи незамисливото: Белгија озакони евтаназија на деца

Парламентот на Белгија вчера 13 февруари го усови закон со кој се легализира евтаназијата за тешко болните деца без никакво возрасно ограничување. Парламентото го усови законот со 86 гласа за, 44 против и 12 воздржани.

Сега законот треба оди пред белгискиот крал, кој најверојато ќе го потпише и така Белгија ќе биде првата држава во светот во кој е озаконета евтаназијата на деца. Додека парламентот гласаше, еден човек од галеријата на парламентарната сала извика: Убијци!

Да се потсетиме, Белгија ја легализираше евтаназијата 2002 година, а според донесениот закон секое полнолетно лице, која според изјава на двајца лекари трпи „неподнослива психичка и физичка болка“ може да побара убивање, најчесто со смртоносна инекција. Сега усвоениот закон се проширува и оваа постапка ќе биде овозможена на малолетни лица по нивно барање, со дозвола на родителите и потврда од психолог дека детето потполно ги разбира последиците од својата одлука. Со ова се овозможува и евтаназија на заболените од Алцхајмерова болест, кои откако ќе им се дијагностицира, во периодот кога се свесни можат да потпишат да бидат убиени, а постапката ќе се изврши во моментот кога ќе се изгуби способноста на општествена интеракција, и покрај тоа што би изгледале среќни и задоволни. Одлуката за евтаназија ќе ја донесуваат лекарите.

Архиепископот на Брисел Андре Јосеф Леонард е еден од најгласните противници на овој закон, кои секако имаше многу противници во белгиската јавност. Нивните гласови од страна на белгискиот парламент се игнорирани.

 Битно нет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот