Секое насилство на телото на ближниот е навредување на Бог

Секое насилство на телото на ближниот е навредување на Бог

Светиот Отец во пораката која ја објави на својот профил на Твитер, на 5 мај 2018 година порача дека секое насилство на телото на ближниот е навредување на Бог.

Секоја навреда, повреда или насилство над телото на нашиот ближен е навреда на Бог Отецот и Создателот! – истакна папата Фрањо во својата порака на Твитер. Во пораката која ја објави на 4 мај на своите следбеници на таа социјална мрежа им порача: Да правиме со радост дела на љубовта кон оние кои страдаат во телото и во духот е најавтентичниот начин на живеење на Евангелието. Надоврзувајќи се на таа мисла, Светиот Отец на 18 март во наговорот за време молитвата Ангел Господов истакна дека тој е неопходниот темел за нашите заедници да растат во братството и во взаемното прифаќање.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот