Размислувањата и молитвите за Крстниот пат на Велики Петок ги подготвуваат семејства

Размислувањата и молитвите за Крстниот пат на Велики Петок ги подготвуваат семејства

Папата Фрањо им ги довери на семејствата од католичките заедници и разни здруженија подготовката на текстови со размислувања и молитви за Крстниот пат што ќе се одржи во Римскиот Колосеум на Велики Петок, потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

По две години, Крстниот пат, планиран да започне во 21.15 часот, повторно ќе се одржи во Римскиот Колосеум на Велики Петок. Со оглед на тоа што е во тек Годината на семејството Amoris Laetitia, одбележувајќи пет години од објавувањето на Апостолскиот поттик, папата Фрањо подготовка на размислувањата и молитвите за таа побожност ги довери на семејствата од католичките заедници и здруженијата за служба и помош. Врз основа на избраните теми, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, рече дека некои семејства ќе носат крст меѓу постојките.

Крстниот пат во претходните години

Поради пандемијата со коронавирусот, Крстниот пат се одржуваше на плоштадот Свети Петар во последните две години. Размислувањата на Крстниот пат во 2020 година беа подготвени од пет затвореници од казнено-поправниот дом Дуе Палаци во Падова, семејство кое изгуби близок во убиство, ќерка на татко осуден на доживотен затвор; затворски воспитувач; судија, мајка на затвореник, вероучител, фрањевец –  волонтер, судски полицаец и свештеник кој беше обвинет и ослободен по осум години. Во 2021 година Крстниот пат го подготвија децата од извидничката група Фолињо I од италијанската провинција Умбрија и римската парохија на Светите маченици од Уганда.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот