Почина отец Роман Миз

Почина отец Роман Миз

Отец Роман Миз почина на 13 ноември 2017 година во Нови Сад, а неговиот погреб ќе се изврши на 18 ноември 2017 година во Руски Крстур.

Отец Роман Миз е роден на 14 август 1932 година во Дрохобич (Украина). Во 1933 година, неговите родители се преселуваат во Липовљани, каде завршува основно училиште. Гимназија, богословски факултет и постдипломски студии завршува во Загреб. За свештеник на Крижевската епархија е ракоположен на 19 декември 1959 година во Загреб. Десет години ја извршува службата парох во парохијата во Липовљани, а од 1969 е во Источно католичката парохија во Нови Сад. Вонредно студира на Филозофскиот украински слободен универзитет во Минхен, јужнословенска книжевност и историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Загреб и историја на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Во 1954 година ги објавува првите статии во весниците.

Во педесет години новинарство, издаваштво и научна работа, неговата научна библиографија опфаќа 55 книги и повеќе стотина статии во повеќе од 60 весници, списанија и зборници, на украински, русински, хрватски, словачки, унгарски и српски јазик.

Неговиот погреб ќе се изврши на 18 ноември 2017 година во Руски Крстур. Нека Господ обилно го награди.

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот