Пет божиќни предлози за евангелизација на ближните

Имате ли во својата близина членови од семејството кои се одалечиле од Црквата? Не сте сигурно за што би зборувале со нив кога ги посетувате за Божиќ? Веројатно е дека тие членови на семејството кои се оддалечени од верата ќе отворат со вас верски прашања во времето исполнето со милост, за време на Божиќното време.

Во неодамна спроведеното истражување 47% од возрасните луѓе тврдат дека во божиќното време се отворени за разговор за верата. Истото истражување покажува дека најдобриот метод за доведување на луѓето во црква е по пат на личен повик од семејството или блиските пријатели.

Овој Божиќ кој го славиме во Годината на милосрдието претставува посебна прилика во милосното време во кое сме повикани да ги повикуваме ближните да веруваат. Милосрдието е доблест која не усмерува кон сочувство кон ближните и желба за ублажување на нивната несреќа. Навестувањето на верата, водењето на ближните до Божјата љубов која спасува, е клучен чин на милосрдие во христијанскиот живот.

И самиот бев „оддалечен католик“ кој се враќаше дома секој Божиќ. На едно од тие дружења присувствував на полноќната Литургија заедно со своето семејство. Понекогаш знаев да се изнервирам за време на проповедта или да останам недопрен од литургијата. Но понекогаш чувствував дека нешто, внатре во мене се случува. Можеби се работеше за нешто што ќе го кажеше парохот, начинот на кој некој го примаше Светото причастие, прекрасните украси или радосната атмосфера која ја смируваше мојата душа.

Тоа се мали моменти на радост кои го поплочија патот кон мојата исповед и враќањето во Црквата.

Сигурно околу себе имате членови кои се оддалечиле од Црквата. За нив овде ви претставуваме пет евангелизациски совети за Божиќ од книгата „The Prodigal You Love: Inviting Loved Ones Back to the Church“:

1. Бидете мирни и чекајте го Кралот на Мирот

Лесно, на секој од нас, може да му се случи, времето околу Божиќ, да му стане стресно време. Во моето семејство секогаш има барем по една голема „експлозија“ при семејната посета. Но вие можете да бидете знак на противречност во моментите на стрес. Фокусирајте се на Исус, Кралот на Мирот и пронајдете го личниот мир во Него. Можеби сега се прашувате: „Каква врска, сега тоа има со моите ближни?“

Вашиот пример нема да остане незабележан од средината, посебно ако најчесто токму вие сте главниот потпалувач на немирот во својата средина.

Кога ќе го прилагодиме своето однесување поради тоа што Исус нѐ променил и другите ќе сакаат да го имаат оној мир кој го имаме ние.

2. Остани концентриран на Исус

Постојат безброј работи кои можат да ни го одвлечат вниманието за време на Божиќното време како на пример честитките, подароците, забавата итн. Сите тие работи сами по себе се добри, но може да ни се случи да го изгубиме духовниот поглед за самиот Божиќ.

Кога за Божиќ би дошол дома како „оддалечен католик“, знаев како моите родители ќе продолжат со традициите од моето детство. За Божиќ би го ставиле Исус во пештерата, би запалиле свеќи и би молеле пред отворањето на подароците. Иако побожноста на моите родители ме нервираше, не сфаќав дека сите овие работи станале дел од мене. Сфатив дека Божиќ без духовност може да биде шарен и блескав, но на крајот тој останува празен и без некакво длабоко значење.

3. Побарајте прилика кога ќе можете да ја споделите својата вера:

На Божиќ Небото ја бакна Земјата. Семејствата се собираат. Завојуваните страни прекинуваат со своите судири. Продавниците ги затвораат своите излози. Како времето да застанало. Исус, Бог кој дојде да нѐ спаси на посебен начин е присутен во тоа време.

За време на Божиќните одмори побарај прилика во која би поразговарал со своите ближни за верата. Подели ја вистината за Бог кој е љубов и кој ти беше близу преку целата година. Истакни кои сѐ дела Бог ги направил во твојот живот и во животите на твоите ближни.

4. Биди нормален, приземјат човек полн со љубов

Ова можеби звучи како чуден совет, но додека бев оддалечен од Црквата најмногу ме допираа оние христијани кои со мене би разговарале на човечко ниво. Ме воодушевуваа пријателите и ближните кои ме сакаа без оглед на моите избори и ги ценеа моите дарови, моите размислувања и моето време.

Кога ќе почувствувам дека луѓето зборуваат со мене за да остварат некоја цел (на пример, да ме преобратат), веднаш се исклучувам. Луѓето околу нас не постојат за да ги сипробуваме врз нив нашите „стратегии за преобраќање“. Тие се тука за да ги сакаме и придружуваме во нивните животи.

Таквиот начин на навестување на верата е успешен, бидејќи на таков начин Исус делуваше кога ќе се сретнеше со луѓето. Личноста која стоела пред Исус секогаш беше најважна. Луѓето тоа веднаш го чувствуваат и токму таквата љубов ги променува.

5. Немојте да се плашите да прашате

Во Божиќното време кај луѓето е присутен духот на отвореност за ближните. Ова е совршено време за да му се пристапи на својот ближен и да го запрашаш едноставно следново прашање:

„Зошто престана да одиш во Црква?“

„Дали би дошол со мене на… (Литургија, обожавање и сл.)?“

„Што ти мислиш за Бог во ова Божиќно време?“

Прашањата, за разлика од изјавите, водат до здрав разговор. Божиќното време е време на милост, во него може да се случи преобраќање и да се започне враќањето во Црква со мали чекори.

Не плаши се, Бог е со тебе. Тој е присутен во нашите разговори со ближните, Тој нѐ води и ја отвора вратата на срцето на оние кои ни се блиски и кои ги сакаме.

Битно.нет/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: духовнитекстови, Свет

За авторот