Паролин: Употребата на нуклеарно оружје е суровост

Паролин: Употребата на нуклеарно оружје е суровост

Говорејќи во ОН на состанокот за одбележување на Меѓународниот ден за целосно укинување на нуклеарните арсенали, државниот секретар на Светиот Престол ја истакна потребата за свет без нуклеарно оружје и посветеноста на сите земји ширум светот да го регулираат

Свет „блиску до пропаст од нуклеарна војна“. Ова во неколку наврати го потенцираше државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин, кој на 26 септември 2022 година, во Обединетите нации говореше на состанокот на високо ниво по повод Меѓународниот ден за целосно укинување на нуклеарното оружје. Заканата од користење на овој вид оружје во конфликтот во Украина, според него, го врати конфликтот во Европа во мерка, невидена за генерациите, и е „недостојна“.

Морален и хуманитарен императив

Ова – нагласи кардиналот Паролин – најавува закана која има разорни последици за целото човештво и покажува дека целта за конечно елиминирање на атомското оружје, како што напиша Папата во Fratelli tutti, е „истовремено предизвик, морален и хуманитарен императив“. Сепак, истакна кардиналот, активностите на државите кои поседуваат нуклеарен арсенал се далеку од таков исход, бидејќи со проширувањето и модернизирањето на своето нуклеарно оружје тие продолжуваат да се потпираат на нуклеарното одвраќање, игнорирајќи ги обврските од меѓународните договори како што е чл. 6 од Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Сè уште е далеку свет без нуклеарно оружје

Минатиот август, потписниците на Договорот за регулирање и стабилизација на вооружувањето од 1968 година се состанаа на десеттата Конференција за ревизија на Договорот и не успеаја да се договорат за заеднички документ. Околност која Светиот Престол ја следи со загриженост. Дури и ако нацртот беше одобрен, нагласи кардиналот Паролин, не прифаќањето на нови важни обврски за разоружување во текстот не би го приближило човештвото до свет без нуклеарно оружје.

Ни треба посветеноста на нуклеарните сили

Наместо тоа, истакна државниот секретар на Ватикан, постигнат е напредок во областа на Договорот за забрана на нуклеарно оружје од 2017 година, при што земјите членки неодамна одобрија акционен план за проверка на оружјето, помош на жртвите и средства за отстранување на последиците. Напори кои, според Светиот Престол мора да ги направат и нуклеарните сили, без разлика на нивниот став за овој договор, кој тие не го потпишаа.

Сè повеќе кревок систем

Друга цел е да се обноват напорите за стапување во сила на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови од 1996 година, кој сè уште не е ратификуван од осум потписнички, и да се обноват преговорите за управување со разградените материјали и гаранции за неупотреба на арсеналот. Без опиплив напредок кон овие цели, повтори државниот секретар, сегашниот систем ризикува да се распадне. Сè додека постои нуклеарно оружје, не може да се исклучи можноста за негова употреба и, како што рече папата Фрањо во Хирошима во 2019 година, „се заканува на секаква можна иднина за нашиот заеднички дом“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот