Папата ја одобри објавата на декретот за чудата

Светиот Отец во среда 17 септември го прими на аудиенција кардиналот Анџело Амато, префект на Советот за прогласување на светци и кого Советот го овласти да го објави декретот за чудата по заговор на Марија Христина од Безгрешно зачнување (Аделаиде Брандо), родена 1856 година во Неапол, а почината на 20 мај 1906 година во Касорија; декретот за чудата по заговор на чесниот слуга Божји Пио Алберт дел Короне, од Редот на проповедници и декретот за чудата препишани на чесната служебница Божја Марија Елизабет Тургон, која е родена 1840 година во Канада, а починала исто така во Канада 1881 година.

Папата исто така, ги одобри и позитивните гласови на редовното заседание на оците кардинали и бискупите во однос на канонизацијата на блажениот Џузепе Ваза, свештеник од редот на ораторијанците на свети. Филип Нери, роден 21 април 1651 година во Беналин, Индија, а починал на 16 јануари 1711 година во Кандиј, Шри Ланка. Освен тоа, Светиот отец одлучи наскоро да го свика конзисториумот за канонизација на блажениот Џузепе Ваза и блажената Марија Христина од Безгрешно зачнување.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот