Папата ја молеше блажена Дева Марија да биде со семејствата во тешкотии

Папата ја молеше блажена Дева Марија да биде со семејствата во тешкотии

Папата Фрањо по повод празникот Безгршно зачнување на Блажена Дева Марија традиционално оддаде почит на Мајката Божја, и во молитвата гио принесе сите верници и жители на градот Рим, а посебо болните и оние на кои им е најтешко.

На 8 декември 2018 година, во попладневните часови, на празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија, папата Фрањо се помоли пред статуата на Мајка Божја на плоштадот Мињанели, покрај Шпанскиот плоштад. Имено веќе во 1857 година римските пожарникари прв пат ја украсуваат со цвеќе статуата на Богородица, а од 1953 година на тој чин редовно е присутен и римскиот првосвештеник.

Трпеливо да се соочуваме со секојдневните тешкотии

Во молитвата до Богородица, Светиот Отец се молеше за сите верници, како и за жителите на градот Рим, а посебно за болните и оние на кои им е најтешко. Папата исто така се присети на „обичните милости“, кои Богородица ги дава на жителите на Рим, а тоа е трпеливото соочување со тешкотиите од секојдневието. Молејќи за жителите на градот Рим, Папата се обрати за помош од Богородица за секој ден секој да го направи својот дел, односно добро да го изврши она што е негова должност како ситауцијата би се помрднала на подобро и како на сите би им биле овозможени нивните права.

Молитва за оние кои имаат голема одговорност во општеството

Папата исто така се помоли и за оние кои извршуваат служби со поголема одговорност за да посредува за поголема мудрост, далековидост, како и дух на служење и соработка. За сите свештеници од бискупијата молеше за „слатката радост на евангелизација“ и дар за милосрдна блискост со народот, а за сите посветени жени радост за плодност во молитата, љубовта и сочувствто.

Заштита на семејството

Присетувајќи се на патувањето на Марија и Јосиф од Назарет во Витлеем, Папата ја помоли Богородица да биде покрај сите семјства кои се соочени со рамнодушност, одбивање и презир, како не би останале препуштени на самите себе, туку заштитени во согласност со правата кои им припаѓаат и кои се пред секоја друга легитимна потреба.

Исусовиот завет

На крајот папата Фрањо се помоли Богородица да бдее над Рим, над домовите, училиштата, канцелариите, продавниците, фабриките, болниците и затворите, и на сите тие места да не недостасува она најскапоценото, што Исус ни го остави како завет: Да се љубите еден со друг (Иван 13,34).

Посета на дневениот весник „Il Messaggero”

После молитвата папата Фрањо се упати во седиштето на италијанскиот дневен весник „Il Messaggero”, по повод 140 годишнината од неговото излегување. Светиот Отец во таа прилика им го честита јубилејот на членовите на управата, новинарите и останатите вработени, кои се повеќе од двеста. Главниот уредник на весникот при тоа изјави дека Папата сакал лично да ги поздрави новинарите и со својата посета да ја потврди нивната важна улога во информирањето.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот