Папата Фрањо ја инаугурираше „Super Nuns“

Папата Фрањо ја инаугурираше „Super Nuns“

По повод Меѓународниот ден на молитва и размислување со цел сузбивање на трговијата со луѓе кој се одбележува на 8 февруари, папата Фрањо на 7 февруари претпладне во библиотеката на Апостолската палата се сретна со неколку членови од мрежата „Талита Кум“ и фондацијата „Галилео“, за да ја лансираат виртуелната заедница „Super Nuns“.

Со првиот клик папата Фрањо ја инаугурираше виртуелната заедница „Super Nuns“, на платформата Патреон, осмислена за собирање на средства за жртвите од трговијата со луѓе и за финансирањето на поддршката и грижата за нив. Проектот е поттикнат од „Талита Кум“, Меѓународна мрежа на богопслеветени лица кои се залагаат за заштитата на тие луѓе од трговците со луѓе, а која ја спонзорира фондацијата „Галилео.“

Папата Фрањо повеќе пати предупреди на драмата на трговија со луѓе, барајќи конкретна акција. Во текот на спомнатата средба лично ја поздрави сестра Габриела Ботани, меѓународна координаторка на мрежата „Талита Кум“ која му ја претстави интернетската заедница. На инаугурацијата присуствуваа неколку сестри од таа мрежа, која се создаде на поттик на Меѓународната унија на генерални настојателки, а која веќе 10 години поддржува соработка и размена на информации помеѓу богопосветените жени и мажи од 70 земји во светот за да се сузбие злото од ова ропство.(…)

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот