Најава: Во недела епископот Стојанов ќе го предводи Молебенот во Паљурци

Најава: Во недела епископот Стојанов ќе го предводи Молебенот во Паљурци

Во недела 10 јули 2022 година со почеток во 19.30 часот, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во пресрет на празникот Свети апостоли Петар и Павле во Паљурци ќе го предводи Молебенот до Пресвета Богородица, на местото каде треба да се гради црквата „Свети Павле“.

Паљурци полека но сигурно прераснува во вистинско поклоничко место за верниците во Македонија, а со тоа почнува да потсетува на времињата кога на ова место се молело деноноќно и ги освојува срцата на луѓето. Тука голем број верници го наоѓаат својот мир, а Пресвета Богородица Утешителка на многумина им ги има услишано молитвите.

Епископот Шанов во 1908 година во Паљурци го посветува македонскиот народ на Пресвета Богородица Утешителка.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот