Папата Фрањо упати апел за мигрантите

Папата Фрањо упати апел за мигрантите

Апел до меѓународната заедница за да не се повторат слични неволји на Медитеранот

Последните седмици стигнуваа вознемирувачки вести за бродоломи на Медитаренато во кои настрадаа многу мигранти – рече папата Фрањо после молитвата Ангел Господов, која ја молеше на 22 јули 2018 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Ја изразува својата болка заради тие трагедии и ветувам дека за исчезнатите и нивните семејства ќе се сеќавам во молитвите. Упатувам апел до меѓународната заедница да делува одлучно и силно како би се избегнале слични неволји и како би гарантирале безбедност, почитување на правата и достоинството на сите луѓе.

На крајот Свтетиот Отец ги поздрави сите поклоници и им посака пријатна недела и ги потсети да не заборават да се молат за него.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот