Папата: Не може да се зборува за одржлив развој без солидарност

Папата: Не може да се зборува за одржлив развој без солидарност

Ал Саламо Алаикум! Миро со вас! Со тие зборови папата Фрањо ја започнува видео пораката упатена до учесниците на Светскиот самит на влади (World Government Summit), кој се одржува од 10-12 февруари 2019 година во Дубаи и им посака успешна работа.

Во пораката се спомнува на својата последна посета во Обединетите Арапски Емирати и топлиот прием. „Наидов на модерна земја која гледа кон иднината, но пред сѐ не ги заборава своите корени, земја која настојува во дело да ги спроведе зборовите како што се толеранција, братство, меѓусебно почитување и слобода. Видов како цвеќе расте во пустина, и се вратив со надеж дека многу пустини кои постојат во светот можат да цветаат. Веруваме дека тоа е можно само ако растеме заедно, еден со друг во отвореност и со почит, подготвени да ги прифатиме проблемите на другиот, затоа што во глобалниот свет тие проблеми се однесуваат на сите“ – истакна Светиот Отец.

Во пораката Папата истакнува дека не може да се зборува за одржлив развој без солидарност. „Сакам во своите активности да го слушнете човечкиот крик, крикот на сиромашните и да размислите за прашањето за децата“ – поттикна Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот