Папата: Научното истажување е извор на длабока радост

Светиот Отец на 11 јуни 2016 година ги прими во аудиенција учесниците на летната школа за астрономија која ја организираа исусовците при Ватиканската опсерваторија.

Таа научна институција ја основал папата Лав XIII 1891 година за да придонесе за „вистинска и цврста наука, како човечка така и божествена“. Оваа година Ватиканската опсерваторија ја одбележува својата 125 годишнина.

Задачата на младите научници за „проучувањето на универзумот, неспоредливите дарови на Творецот“ Папата ја нарече „сложена и возбудлива активност“, а нивното присуство на летната школа ја препознава како „знак на желбата да се разбере универзумот, Божјото создание како и нашето место внатре во него.“

„Сите ние престојуваме под исто небо. Сите нас нè допира убавината која ја откриваме во космосот која се одржува во проучувањето на небесните тела и предмети. Во таа смисла обединети сме во желбата да ја откриеме вистината за тоа како овој чудесен универзум работи и во тоа да му се приближиме на Создателот“ – рече папата Фрањо.

Забележувајќи дека 15. летна школа при опсерваторијата посветена на проучување на водата во Сончевиот систем и другите места ја истакна основната важност на водата на земјата. „Од најмалите снегулки до најголемите водопади, од езерата до реките и големите океани, водата нè фасцинира со својата моќ и истовремено со својата едноставност. Големите цивилизации се создадени покрај река, а во нашите денови пристапот до чистата вода и понатаму е прашање на праведност за целото човештво, за богатите и сиромашните“ – нагласи Папата.

И покрај големите барања на научните истражувања таа „може и треба да биде извор на длабока радост“ – рече Папата изразувајќи желба дека таа внатрешна радост ја вдахнува работата на младите научници. „Споделете ја со своите пријатели, семејства и нации како и со меѓународната заедница на научници со која работите. Секогаш во своето истражување пронајдете радост и делете ги плодовите на своите студии во понизност и братство“ – порача Светиот Отец на учесниците на летната астрономска школа.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Ватикан

За авторот