Папата до свештениците: Бидете искоренувачи на нееднаквоста

Папата до свештениците: Бидете искоренувачи на нееднаквоста

На средбата со заедницата на Папската ломбардиска богословија на светите Амвросиј и Карло во Рим, Папата ги советуваше свештениците да не се затвораат меѓу книгите или во сакристиите, туку да го изнесат евангелието на улица, внимавајќи на страдањата на луѓето.

Денес е 100 години од изборот на папата Пио XI. на што папата Фрањо спомна кога во аудиенција ги прими студентите на Папската ломбардиска богословија на светите Амвросиј и Карло во Рим, за него многу драга институција. Ачиле Рати, кој ќе стане папата Пио XI беше нејзин студент и секогаш остана во неговото срце; Затоа, папата Фрањо ја спомна работата на неговиот претходник за да им даде идеи на свештениците за нивната служба, кои таму студираат.

Папата потсети дека Пио XI. штом бил избран, решил да даде благослов од надворешната ложа, а не повеќе во внатрешноста на базиликата Свети Петар. Тој сакаше неговиот прв благослов да биде насочен за Урби и Орби, градот Рим и целиот свет. Овој гест – според папата Фрањо – треба да ги поттикне свештениците да се отворат, да го прошират хоризонтот на служење на димензиите на светот, да допрат до сите деца кои Бог сака да ги прегрне со својата љубов.

Отворено и милосрдно срце; вредни и дарежливи раце

Ве молам, да не останеме забарикадирани во сакристијата и да не создаваме мали затворени групи во кои се чувствуваме удобно и можеме да бидеме спокојни – поттикна Папата и додаде: Постои свет што го чека Евангелието и Господ сака неговите пастири да се сообразат со него, носејќи ги во своите срца и на грбот очекувањата и товарот на стадото. Срца отворени, сочувствителни, милосрдни. Како што го бараме најмилосрдниот исповедник кога бараме прошка за нашите гревови, така и вие може да бидете милосрдни. Со сите. Запомнете дека Бог никогаш не се заморува да простува. Ние сме тие кои се изморуваме од барање прошка. Затоа се потребни отворени, сочувствителни и милосрдни срца – повтори – тие вредни и дарежливи раце, кои се валкани и ранети од љубов, како Исус на крстот. Така службата станува Божји благослов за светот.

Знаење во служба на конкретни ситуации

Папата бара свештениците да се погрижат знаењето никогаш да не биде одвоено од животот и историјата, бидејќи Црквата, која има толку многу да каже, но чии зборови се лишени од помазание и не допираат до телото на луѓето, не е во служба на евангелието. Напротив, потребно е науката на Духот да се принесе во молитвата. А потоа да престојува во конкретни ситуации на Црквата и светот, да се има зборови на живот, да се биде свештеник што гори од желба да го шири Евангелието по улиците на светот, во градските населби и во куќите, а најмногу во најсиромашните и заборавените места – истакна папата Фрањо.

Треба да се живее и шири Евангелието

Поттикнувајќи ги присутните да ги отворат своите срца за достапност и служење и да се прашуваат секој ден – како што советува Пио XI. – што можам да му понудам на Бога; Папата Фрањо ги советуваше да не се стремат кон важни улоги, кон одредена парохија или конкретна катедра и да внимаваат на кариеризмот. Често, исто така во Италија, црковните говори се сведуваат на стерилна внатрешна дијалектика меѓу иноваторите и конзервативците; меѓу оние кои претпочитаат еден политичар и оние кои претпочитаат друг; и се заборава главното: да се биде Црква која ќе го живее и шири Евангелието. Да не се грижиме за малите, домашни градини; има цел свет жеден за Христос – истакна Папата.

Ткајачи на заедништвото, искоренувачи на нееднаквоста

Светиот Отец потоа ја спомна енцикликата на папата Пио XI, „Quadragesimo anno“, во која тој ја нагласува акумулацијата на моќта во рацете на неколкумина и деспотската контрола на економијата. Притоа, папата Фрањо истакна дека тоа е реалност што е евидентна и денес, додека јазот меѓу малку богатите и многу сиромашните се зголемува, а нееднаквостите се зголемени поради пандемијата. Во однос со ваквите прилики, Папата ги поттикна студентите од Ломбардиската богословија да бидат знаци и средства за заедништво на луѓето со Бога и меѓу нив. Затоа бидете ткајачи на заедништвото, искоренувачи на нееднаквоста, пастири внимателни на знаците на страдањето на луѓето. А преку знаењето што го стекнувате, бидете компетентни и храбри да зборувате со пророчки зборови во име на оние кои немаат глас – им порача Папата.

Поголемо внимание кон сиромашните

За да ги исполнат овие важни задачи, папата Фрањо ги поттикна да се молат на Бога да сонуваат за убавината на Црквата, а особено за Италија, Црква поверна на духот на Евангелието, послободна, побратска и порадосна во сведочењето на Исус, поттикната со ревносна желба да допре до оние кои не го запознале Бог, кој е утеха на сѐ. Црква која го негува заедништвото е посилна од секоја разлика и повеќе е посветена за сиромашните во кои е присутен Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот