Папата до вработените во Ватикан: Семејството е привилегирано место каде што се покажува Божјата Промисла

Папата до вработените во Ватикан: Семејството е привилегирано место каде што се покажува Божјата Промисла

Светиот Отец, честитајќи им го Божиќ на вработените во Ватикан, ги повика да му ги доверат ситуациите од животот на свети Јосиф и ги охрабри да не ги заборават постарите.

Цитирајќи го текстот на песната „Каде има љубов и пријателство, таму е Бог“, Светиот Отец потсети дека Бог се раѓа таму каде што љубовта станува конкретна, блиска, нежна, сочувствителна и поттикна таа љубов да се изразува особено во односот кон постарите. Тема која посебно му е на срце, Папата истакна дека не треба да се заборават постарите, кои во современата култура на отфрлање постојано се оставаат настрана.

Посакувам Божиќ да ви донесе малку ведрина, посебно ако поминувате низ тежок период, им порача Папата на вработените во Ватикан, нарекувајќи ги пријатели. Се молам оние на кои тоа им е најпотребно да го добијат дарот на спокој – личен и семеен, рече Светиот Отец, потсетувајќи дека пандемијата предизвика многу проблеми во семејствата, како економски, така и психолошки, особено кај децата и адолесцентите.

Осврнувајќи се на вработувањето, Папата ја истакна обврската никој да не се остави без работа. Управувањето во периодот на затворање не беше лесно, но Светиот Отец ја истакна надежта дека преку дијалог ќе се најдат задоволителни решенија за проблемите, обид да се оди во пресрет, секогаш почитувајќи ги правата на работниците и општото добро.

Светиот Отец поттикна за тоа да молат застапништво од свети Јосиф, кој е „компетентен“ на полето на работата. Потсетувајќи дека свети Јосиф е заштитник на целата Црква, Папата изрази надеж дека во годината поветена на светецот верниците можеа поблиску и поприсутно да го почувствуваат во животот и семејството. Можете да му доверите одредени, донекаде комплицирани ситуации, во кои сфаќаме дека нашата сила не е доволна“, поттикна Папата. Јас постојано го мола, за ова или онаа потреба, а тој секогаш одговара, призна Светиот Отец.

Бог му ја откри својата волја на Јосиф во сон додека спиел, додаде папата Фрањо. Тоа не беа фантазии, халуцинации, напротив, тоа беа пораки кои добро се придружувале до реалноста, предодредени да го водат патот на Светото семејство. Тоа беа знаци на Божјата Промисла.

Папата Фрањо повика да се размислува за зборот „промисла“, нагласувајќи дека, по примерот на Јосиф и Марија, семејството го гледаме како привилегирано место каде се доживува Божјата Промисла. Вашите чекори на патот, за доброто на вашиот брачен другар, децата, целото семејство, рече Папата, Божјите планови не се секогаш јасни, тие често се покажуваат со тек на времето, бараат трпение, пред сѐ бараат вера, толку голема доверба што Бог секогаш сака добро, најголемо добро за нас и нашите ближни.Тогаш мораме, како свети Јосиф, да му се предадеме на Бога – да спиеме – за да ги примиме неговите пораки.

Своето обраќање до вработените Светиот Отец го заврши со пораката „Се молам за вас“ и ги повика да се молат еден за друг.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот