Папата ги поттикна младите добро и одговорно да го искористат слободното време

Папата ги поттикна младите добро и одговорно да го искористат слободното време

Во видео порака објавена во Соренто во рамки на неделата посветена на првиот светски самит на кој младите се среќаваат со лидерите на секторот за туризам, папата Фрањо ги поттикнува младите да го искористат слободното време без да заборават да учествуваат во иницијативи за солидарност, помош во семејствотот и димензијата на молитвата.

Папата Фрањо им се обрати на младите мажи и жени кои учествуваат на првиот Глобален состанок за младински туризам, кој се одржува од 27 јуни до 3 јули во Соренто, и ги поттикна добро да ја искористат сезоната за одмори.

Солидарност, помош во семејството, молитва

Своите мисли Папата ги упатува на оние кои сѐ уште се ученици, за кои туризмот се совпаѓа со времето на училишните одмори. Искуствата што може да се доживеат во тој период ќе ви останат во сеќавање – истакнува Светиот Отец и додава: Освен разонода и одмор, знам дека некои од вас го користат тоа време за доброволно помагање во солидарни иницијативи; други се посветуваат на мали работи за да им помогнат на своите семејства или да се издржуваат за време на школувањето; други одвојуваат денови на тишина и молитва за да бидат со Бога и да примат светлината на својот пат. Во секој случај, ве поттикнувам добро и одговорно да го искористите времето што го имате на располагање; така се расте и се подготвува за преземање напорни задачи.

Папата ја завршува својата порака со тоа што сака младите да бидат предвесници на надежта и повторното раѓање за иднината.

Средба на млади со раководителите на секторот

Повеќе од 130 млади луѓе, на возраст меѓу 12 и 18 години, се собраа од 60 земји во малото италијанско гратче Соренто, на првиот состанок од ваков вид, организиран од Светската туристичка организација (UNWTO), кој се одржува во Италија во соработка со италијанското Министерство за туризам и Националната агенција за туризам (ENIT). Младите ќе разговараат со лидерите на секторот, вклучително и политичари и клучни фигури од светот на спортот, гастрономијата, забавата и иновациите. „Ова ќе помогне да се изгради трајно наследство обезбедувајќи им на младите вештини и знаења што им се потребни за да го преобликуваат туризмот не само во нивните заедници, туку и насекаде“, рече Зураб Пололикашвили, генерален секретар на Светската туристичка организација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот