Папата во посета на Римската парохија Свети Кирил Александриски

Посебна прва недела од Божиќниот пост – Исчекувае (Адвент) за парохија од римската периферија. Папата Фрањо посети втора парохија од својата епархија, а тоа оваа недела беше парохијата Свети Кирил Александриски во источниот дел од градот Рим.

Веднаш по неговото пристигнување во парохијата, Светиот Отец се сретна најпрво со болните и првопричесниците, а потоа и со родителите и децата кои се крстени во минатата година. Папата исто така се поздрави и со миропомазаниците, а потоа Папата исповеда неколку верници.

За време на светата Литургија Светиот Отец ја подели светата Тајна миропомазание на девет млади од парохијата. На светата Литургија сослужуваа кардинал Агостино Валини, викар на Римската епархија, помошниот епископ Џузепе Маркијанте и парохискиот свштеник Марко Ридолфо. По завршувањето на светата Литургија Папата се сретна со парохискиот одбор.

Катнет/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот