Ангел Господов: Верата без милосрдие е непотполна и нѐ прави тажни

Ангел Господов: Верата без милосрдие е непотполна и нѐ прави тажни

Пред богородичната молитва која ја предводеше од прозорецот на работната соба во Апостолската палата, папата Фрањо се осврна на Евангелието за Литургијата од недела 10 октомври, во кое се зборува за средбата на Исус со човекот кој поседувал голем имот, кој и за нас е „тест за верата“.

Дали верата ја живееме можеби како некоја механичка работа, како однос на должност кон Бог?, праша Папата. Се потсетуваме ли да ја зајакнеме дозволувајќи Исус да нѐ гледа и сака и привлечени од Него, одговараме ли на бесплатноста?

Во човекот кој поседувал голем имот и кој се среќава со Исус, за кој ни зборува делот од Евангелието според Марко кој го слушнавме во денешната Литургија, можеме сите да се видиме, како во огледало и така да ја испитуваме својата вера, да направиме тест за верата – рече папата Фрањо во пладневниот наговор одржан од прозорецот на работната соба во Апостолската палата и истакна дека ако верата за нас е најпрво должност или пари за размена, сме се одалечиле од патот, бидејќи Бог не е сметководител, ниту контролор, туку татко. Ако нашата вера е уморна можеме да ја зајакнеме барајќи го во Обожавањето на Божјиот поглед, дозволувајќи Он да нѐ љуби. Да не се задоволиме со обврските – заповедите и по некоја молитва – додека Бог Кој ни дава живот, од нас бара занес на животот!

Прашање, поглед, повик

Папата ја подели Исусовата средба со богатиот во три дела: на прашањето, погледот и повикот и ги истакна зборовите кои човекот ги користи прашувајќи Го Исус што треба да направи за да наследи живот вечен: мора да направи – за да го има. Тие зборови ја означуваат неговата религиозност: правам нешто за да го добијам тоа што ми треба. Но, тоа е – рече Папата, трговски однос со Бог, „do ut des“ додека верата не е ладен и механички обред, одредени „морам – правам – добивам.“ Тоа е првиот тест за нас. Што е за мене верата?

„Прво што треба да направиме е да се ослободиме од трговската и механичката вера, која побудува лажна слика за Бог дека е сметководител и контролор, а не татко.“

Христијанскиот живот е убав ако дозволиме Он да нѐ љуби

Верата секогаш повторно се раѓа и тоа не од обврските, не од нешто што треба да се направи, туку од погледот на љубовта кој треба да се прифати. Христијанскиот живот станува убав ако не се заснова на нашите способности и на нашите планови, туку на Божјиот поглед – рече Папата и запраша, дали твојата вера е уморна и сакаш ли да ја зацврстиш? Побарај го Божјиот поглед; поклонувај се пред Пресветото, дозволи да ти се прости во Исповедта, застани пред распетието, накратко дозволи Он да те љуби.

Бог од нас бара занес

Третиот дел од средбата со Исус е Исусовиот повик кој вели: „Едно ти недостасува,“ односно дарот, бесплатноста. Тоа можеби ни недостасува и на нас – додаде Папата. Често го правиме најмалку можното, додека Исус нѐ повикува на најмногу можното. Колку пати се задоволуваме само со обврските – заповедните и по некоја молитва, додаде Бог кој ни дава живот од бас бара занес во животот!

Верата без дар е непотполна

Откако го потсети човекот на заповедите, „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не земај туѓо! Почитувај ги татко ти и мајка ти!“ Исус му дава позитивен предлог: Оди продај се што имаш и раздај го на сиромаси, па дојди и врви по мене. Верата не може да се ограничи на заповедта „не“ затоа што христијанскиот живот е „да“ на љубовта. Верата без дарот и бесплатноста е непотполна, слаба, болна – истакна Папата, би можеле да ја споредиме со богатата и хранлива храна на кој и недостасува вкус, или со добро одигран натпревар, но без голови. Верата без дарот, без бесплатноста, без каритативните дела на крајот нѐ прави тажни, како оној човек кој и покрај тоа што самиот Исус го погледна со љубов се врати дома мрачен и тажен – рече Папата и на крајот ја повика Дева Марија да ни даде да ја искусиме убавината на давањето на животот за дар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот