Ослободен киднапираниот свештеник Томас Узуналил

Ослободен киднапираниот свештеник Томас Узуналил

Ослободен е индискиот салезијански свештеник патер Томас Узуналил, кој пред 18 месеци беше киднапиран од исламистичките терористи во јеменскиот град Аден – јавува агенцијата AsiaNews. Според информациите на индиските власти, патер Томас моментално се наоѓа во Оман. Индиските власти заедно со салезијанците со месеци се залагаа за ослободување на католичкиот свештеник.

Патер Томас беше киднапиран на 4 март 2016 година за време на напад на манастирот на Сестрите Мисионерки на љубовта во градот Аден. Во тој исламистички напад се убиени 16 лица, а меѓу загинатите имаше и четири монахињи. Во мај оваа година се појави видео запис во кое заробениот салезијанец објаснува дека му е потребна лекарска помош, бидејќи неговата здравствена состојба е влошена.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот