Од проповедта на Папата: Секој христијанин треба да се зазема за единство на Црквата

Секој христијанин е повикан да работи за единството на Црквата – рече папата Фрањо на светата Литургија на 24 октомври во домот Света Марта. Светиот Отец нагласи дека треба да нè води Светиот Дух, бидејќи Тој го прави единството на Црквата во различноста на луѓето.

Папата во проповедта се осврна на поттикот од Посланието на свети Павле, кое Филипјаните ги „заколнува“ како „затвореник во Господа“. „Работете за единство на Црквата“ – истакна папата Фрањо – задача е на Црквата и на секој христијанин во историјата“. „Свети Петар“ – продолжи – кога зборува за Црквата, зборува за храм кој е изграден од живи камења, а тоа сме ние. Спротивно на тоа е „храмот изграден од горделивост, т.е. Вавилонската кула“. Првиот храм – рече понатаму – „носи единство“, додека вториот е „симбол на неединство, меѓусебно неразбирање, различност на јазиците.“

Кога треба да се изгради храм… за негово градење се бара место, а „првата работа која треба да се направи е да се побара камења за темелите, камен-темелник.“ „Камен-темелник на Црквата е Исус“ – продолжи Папата – „а камен-темелник на единството на Црквата е Исусовата молитва на последната вечера: Оче, нека бидат едно!“

Исус е „каменот на кој ние го градиме единството на Црквата“ и без кој единството е невозможно. „Но, кој го гради единството?“ – праша Светиот Отец и рече: „Тоа е дело на Светиот Дух. Он единствено може да го оствари единството на Црквата. И затоа Исус го испрати: за да даде Црквата да расте, за да ја зајакне, за да и го даде единството.“ Освен тоа, Духот Свети е Тој Кој го дава единството на Црквата во различноста на народите, културите и луѓето.“ „Меѓутоа, како се изградува тој храм?“ – праша Папата и потсети на советите на свети Павле: понизност, кроткост, долготрпеливост. Меѓутоа, тие изгледаат како совети „од слабост“, соодветни за меки тули, а не за камења – рече Папата.

„Изгледа како понизноста да е бескорисна“ – а така и кроткоста и великодушноста, отвореност за сите. На крајот Павле уште вели: „поднесувајќи се еден друг со љубов“. Папата објаснува: „стануваме толку силни камења за градење на тој храм, колку што во овие крепости стануваме „слаби“; во понизноста, великодушноста, смиреноста и кроткоста.“ Тој е патот по кој оди Исус, бидејќи тој се направи слаб сѐ до крстот и во тоа стана силен. Така треба и ние – рече Светиот Отец: во реалноста горделивоста и самобендисаноста се бескорисни.“

Понатаму, кога се гради потребно е архитектот да направи план. А што е планот за единство на Црквата?- праша Папата и одговори: Тоа е „надежта на која сме повикани: надеж во одењето кон Господ; надеж во живеење во жива Црква, соѕидана од живи камења, со силата на Светиот Дух. Само со планот на надежта можеме да одиме напред во единство на Црквата. Повикани сме на голема надеж. Да и одиме во пресрет! Но, со силата која ни ја дава Исусовата молитва за единство; со кроткоста на Светиот Дух, кој може да направи од тули да станеме живи камења; со надеж дека ќе го пронајдеме Господ кој нè повика, пронаоѓајќи Го во доаѓањето на полнината на времето – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот