Објавени логото и мотото за патувањето на Папата во Јужна Кореја

Делегацијата на Корејската бискупска конференција која ја сочинуваат о. Чунг Уи-Чул и о. Хур Јунг-Јуп, задолжени за литургиското славење и односи со јавноста, во Ватикан го претставија мотото и логото за посетата на папата Фрањо на Јужна Кореја.

Во логото се наоѓаат два пламена во традиционалните корејски бои, црвена и сина кои на врвот се испреплетуваат. Пламените се воздигнуват од два брана кои претставуваат брод. Со ова сака да се истакне желбата за повторно обединување на двете Кореи. Брановите со сина боја ја симболизираат Божјата милост голема како океан, а нивниот облик како острицата на ножот упатува на мачениците на корејската Црква, известува Радио Ватикан. Логото е инспирирано од геслото одбрано од Книгата на пророк Исаија „Дигни се, светлеј се Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина и славата Господова изгреа над Тебе.“ (Исаија 60,1).

Папата Фрањо ќе ја посети Јужна Кореја од 14 до 18 август по повод Шестиот азиски ден на млади, чиј домаќин е бискупијата Дажеон. Папата за престојот во Кореја ќе беатифицира 124 корејски маченици, кои како сведоци за верата се погубени од 1791 до 1888 година за владеењето на династијата Чосон.

Во мај пред 30 години Кореја ја посети Иван Павле II и во таа прилика канонизира 103 корејски маченици, а корејскиот народ го довери на заговор на Небесната Мајка.

Бројот на католиците во Јужна Кореја во последните десет години се зголеми за околу 70%. Денес во Кореја живеат повеќе од пет милиони католици, што прават 10% од населението.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот