Најава: Марија од Назарет во Радово

Тродневницата во чест на Марија од Назарет е во прв ред лична молитва за сопствените потреби и лични прозби до Бога преку Марија. Особената накана оваа година на заедничкото молење ќе биде: Марија од Назарет дел од нашите семејства“

Распоредот на чествувањето  Марија од Назарет, кој оваа година ќе се одржи по 18-ти пат, е следен:

Четврток 01.10.2015,18,00 часот:Бројаница – Света Литургија; Наговор отец д-р Зоран И. Стојанов, парох. Тема: „Да се живее со среќа прифаќајќи ја Марија покрај нас“. Молитви на Верните, под водство на о. Трајче Ташев, капелан.

Петок 02.10.2015, 18,00 часот: Света Литургија; Молебен до Пресвета Богородица; Наговор o. Горѓи Појразов, парох во Петралинци и Сарај. Тема: „Марија, прифаќајќи ја со ентузијазам во нашите семејства“. Молитви на Верните, под водство на о. Илија Стојанов, капелан.

Сабота 03.10.2015, 17,00 часот: Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учествуво на возрасни и деца: Министрантите и децата од основно училиште и предшколска возраст со своите родители носејќи во рацете икони и знамиња. По патот молење на Бројаница. Враќање во црквата. Света Литургија. Кратка презентација во PowerPoint низ слики. „Марија, прифаќајќи ја како Каритас“, г-н Спасе Спасов, национален координатор на Македонски Каритас. После литургијата своја програма имаат средношколците.

Недела 04.10.2015, 10,00 часот: Света Бројаница; На крајот на Бројаницата Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Света Архиерејска Литургија во 10.30 часот, ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија; Благослов за сите присутни. Заедничко Агапе. Младите волонтери од Парохиски Каритас ќе организираат штанд насловен: „За почисто Радово“.

За сите верници од цела Македонија – Преку сите денови за Тродневницата можност за Света Исповед. Доколку не сте спречени од некои неодложливи задолженија се препорачува секојдневно присуство на молитвата со можност за добивање посебни милости во овие денови на празникот Марија од Назарет.

к.мк/з.и.с.

Категорија: Македонија

За авторот