Молитвена накана на папата Фрањо за април 2020

Молитвена накана на папата Фрањо за април 2020

Во видео порака со молитвената накана за месец април 2020 година, која ја објави Папската молитвена мрежа, папата Фрањо се моли за жртвите од новите зависности.

Светиот Отец повика на солидарност со зависниците: Да се молиме за сите кои се под влијание на зависности да им биде дадена подршка и помош – повика Светиот Отец во кратката видео порака.

Покрај веќе познатите зависности, Папата се осврна на новите облици зависности, па така во видеото зе изменуваат сцени од игри на среќа и зависност од коцкање како и зависноста од порнографија. Со помош на „евангелието на милосрдие“ можеме да ги ублажиме, третираме и излекуваме страдањата поврзани со болестите од новите зависности“ – порача папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот