Молитвата ја менува структурата на крвта

Молитвата ја менува структурата на крвта

Од самиот почеток верниците знаат за моќта на молитвата, која се покажува во сите ситуации од животот. Во болест и радост, страдања и расеаност. Меѓутоа, токму поради таквата карактеристика, молитвата станала предмет на научни истражувања.

Познато е дека после молитвата човекот чувствува мир и духовна сила. Меѓутоа што се случува, на физичко ниво, посебно со нашата крв?

Истражувачот д-р Михаил Лазорик, доцент на катедрата за факултетска терапија на Ужгородскиот национален универзитет и автор дури на 166 патенти и 15 лиценци и кој уште од студентски денови се занимава со истражување на белите крвни зрнца, одлучил да го испита влијанието на молитвата врз човечката крв. За време на студијата, која траеле 15 години, дојдел до извонредно научно откритие.

„Пораснат сум во верничко семејство и никогаш не сум се сомневал во моќта на молитвата. Меѓутоа, како научник, тоа морав да го докажам со експерименти. Познато е дека после молитвата човекот чувствува мир и духовна сила. Но што се случува на физичко ниво, посебно со нашата крв? Тоа сакав да го испитам“ – вели научникот Лазорик.

Луѓето кои прифатија да учествуваат во експериментот беа од различен пол, разни образованија, социјален статус и струка. Боледувале од разни болести: артериосклероза, хепатитис Б, реума… Претходно д-р Михаил земал од нив примероци на капиларна и венска крв и ги анализирал. Потоа оној чија што крв била анализирана добивал да прочита молитва со траење од 15-20 минути. „Оче наш“, „Символот на верата“, „Царе небесни“, Псалм 50, тропар на денот. После молитвата повторно правел анализа на венската и капиларната крв и ја дефинирал квантативната, морфолошката и функционалната карактеристика на крвните клетки.

„На ниво на клетки крвта станала поинаква. Се сеќавам на нашиот прв пациент кој после сериозна катастрофа страдаше од отоци на колкот и остеомијелитис. Имаше голема болка во коските на лицето и многу се мачеше. Кога ја споредив неговата крвна слика пред и после молитвата, забележува дека нивото на едниот индикатор фагоцитоза е 6 пати помала од пред експериментот. Тоа ме увери дека сум на добар пат – вели д-р Лазорик.

Сите понатамошни опити покажаа иста работа: после молитвата, нивото на инфекција во организмот се смалува. Посебно кога е во прашање акутна фаза на болеста, промени се појавуваат во сите показатели, процесите на воспаление се смируваат и постепено исчезнуваат. Во секој експеримент се покажуваа важни промени во вредностите на поедини параметри на крвните клетки, што покажува дека молитвата е клучниот фактор кој предизвикува промена на бројот, морфолошката и функционалната карактеристика на крвните клетки, што се констатира и на статистичко нов. Тоа е доказ дека молитвата навистина влијае на организмот во клеточно и субцелурарно поле.

„Молитвата не е само збор. Произведува осцилации со одредена фреквенција. Одамна е докажано дека молитвата ја менува структурата на водата. Меѓу другото Литургијата на Светатадарохранителница не е мит, туку научен факт. Човекот скоро 80 % е вода и молитвата ја менува на клеточно ниво, дури и ако во себе чита молитва. А кога ја изговара гласно, се слушаат звучни вибрации, кои дополнително влијаат на човечкото тело и предизвикуваат промени во крвната слика, го смалуваат воспалението, имаат лековито дејство“ – објаснува д-р Михаил Лазорик.

ФБ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот