Кардинал Паролин: Наука во служба на достоинството на жените

Кардиналот Пиетро Паролин, Државен секретар на Светиот Престол, на 6 април, учествуваше на отворање на новата лабораторија за научно истражување на човечката плодност и неплодност во Меѓународниот научен завод Павле VI. Кардиналот можеше да го види апаратот за ултразвук, подарен одј папата Фрањо.

Веќе петнаесет години постои Заводот и претставува одговор на апелот на папата Павле VI што го упати до научниците подобро да ги објаснат различните причини за чесно регулирање на човечкото раѓање. Кардиналот, исто така, потсети дека папата Бенедикт XVI го нарече Заводот „јасен пример на синтеза меѓу вистината и љубовта која е важно одредиште на католичката култура.

Кардиналот ги поздрави сите семејства присутни на отворањето, посебно брачните парови кои се доверуваат на Заводот со цел да ја остварат мајчинската и татковската желба. Освен одговорите на прашањата од морално-верска природа, нивното обраќање кон овој центар е и одлука за пристап кон многу вредни научни техники и методи кои го почитуваат достоинството на жените. Меѓународниот научен завод Павле VI стои на услуга за сите, рече кардиналот Паролин.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот