Канцеларијата за печат ја објави програмата за посетата на Папата на Турција

Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави програмата за апостолската посета на папата Фрањо на Турција, која ќе биде од 28 до 30 ноември. Светиот Отец најпрво ќе отиде во Анкара, каде што ќе пристигне во петок, 28 ноември во 13 часот, ќе го посети мавзолејот Ататурк и ќе се сретне со турскиот преседател и други преставници на власта.

Ден подоцна, 29 ноември папата Фрањо со авион ќе отпатува во Истанбул, каде што ќе го посети музејот Света Софија и Сината џамија (џамијата на Султан Ахмед). Потоа ќе ја предводи Литургијата во катедралата Светиот Дух, по што во патријархалната црква Свети Ѓорѓи ќе следува екуменска молитва и приватна средба со екуменскиот православен патријарх Вартоломеј I.

Во недела 30 ноември папата Фрањо ќе учествува на божествената Литургија во патријаршискат црква Свети Ѓорѓи која ќе заврши со екуменски благослов и потпишување на заедничка изјава со патријархот Вартоломеј. Враќањето во Рим е предвидено за тој ден околу 18.40 часот.

Присуството на Папата во Истанбул на 30 ноември се совпаѓа со празникот свети Андреј, заштитникот на Цариградската Црква, каде што е вообичаено ватиканска делегација да учествува на прославата на Патријархатот. Исто така православна делегација секоја година е присутна во Рим на празникот свети Петар и Павле, 29 јуни.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот