Духовна обнова за свештениците: Да бидеме вистински Христови ученици!

Во понеделник 22 јуни 2015 година во парохијата Свети Никола – Секирник се одржа духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На средбата присуствуваше и Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов, а предавањето го одржа о. Ѓорги Динов. Тој зборуваше на тема: Да бидеме Христови ученици! Во свеотот предавање истакна, дека Христовите ученици треба да горат од страст, желба за Христос, за секојдневни средби со Него и на таков начин да црпат енергија и милост за да можат да го навестуваат евангелието. Христов ученик е оној, кој може заедно со свети Петар да ја исповеда верата во Месијата, Синот на живиот Бог

Средбата продолжи со света Исповед и света Литургија, а заврши со дружење и заедништво во парохиската куќа.

к.мк/Г.Д./Фото: о. Димитар Ташев

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот