Дали Исус ги познавал своите баби и дедовци?

Дали Исус ги познавал своите баби и дедовци?

Традицијата вели дека родителите на Пресвета Богородица се викале Јоаким и Ана, што значи дека тие биле баба и дедо на Исус.

Кога зборуваме за Исус и Светото семејство, тогаш секогаш имаме сликата на Исус, Марија и Јосиф. Ова не е ниту лошо ниту погрешно, туку напротив, со право станува збор за вистинскиот пример за секое семејство. Но, при тоа лесно забораваме дека Исус имал баба и дедо.

Библиските списи не зборуваат за нив и нивните животи се прилично нејасни за нас. Она што го знаеме се наоѓа во текст од 145 година, наречен Протоевангелие според Јаков, каде стои дека родители на Пресвета Богородица биле Јоаким и Ана. Нивниот спомен Црквата го слави на 26 јули.

Што се однесува до бабата и дедото на Исус од страна на неговиот татко Јосиф, во Евангелието според Матеј се вели дека дедото на Исус се викал Јаков (1,15-16), додека Евангелието според Лука пишува дека дедо на Исус бил Илиј (3, 23) Ова несогласување е поради различната традиција, која се појавува кај Матеј и Лука.

На денешниот Светски ден на баби и дедовци, можеме да си го поставиме прашањето: Дали Јоаким и Ана, како и баба и дедо на Јосиф, доживеале да го видат Исус? Во гореспоменатото апокрифно Протоевангелие според Јаков, не наоѓаме колку години имале Јоаким и Ана или кога починале. Сепак, Ана е опишана како неплодна жена која жали за неможноста да има деца.

Бидејќи ја оплакувала својата неплодност, можно е тоа да траело со години. Тоа очигледно се заснова на други библиски настани за неплодност, како што е онаа на Авраам и Сара или Захарија и Елисавета, при што може да се заклучи дека тие можеби биле во постари години кога ја зачнале Марија, мајката на Исус.

Некои историчари тврдат дека просечниот животен век во древниот Израел бил 40 години, што значи дека родителите на Јоаким и Ана и Јосиф најверојатно умреле пред да го видат Исус или додека Исус не бил доволно взрасен за да биде свесен за своите баби и дедовци.

Во секој случај, веруваме дека Исус би уживал во присуството на неговата баби и дедовци доколку биле живи.

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот