Дали знаеме да комуницираме?

Иако мислиме дека знаеме да комуницирамe, сепак комуникацијата треба да ја учиме цел живот и одново да се прилагодуваме на секоја нова ситуација.

„Не е најголема будала оној кој не знае да чита, туку оној кој мисли дела сè што прочитал е вистина“ – одамна напишал нобеловецот Иво Андриќ. Меѓутоа тоа негово тврдење изгледа посебно актуелно денес кога имаме инфлација од информации, вести, весници, портали, книги…

Сите се обидуваат да ни ја продадат својата вистина, својот поглед на светот и своите вредности. А притоа се помалку се оние кои сакаат да ги слушат другите и да го уважат нивното мислење. Новите медуми и социјалните мрежи овозможија секому јавно да обелодени што мисли и знае и да се избори за внимание, што некогаш тоа било привилегија за тесен круг на луѓе. Меѓутоа тоа што денес лесно доаѓаме до публика не значи дека сме станале и попаметни. „Мудар човек говори затоа што има нешто да каже, додека будалата говори затоа што сака нешто да каже“ – кажал мудриот Платон. (…)

Ако ѕирнеме на социјалните мрежи или на анонимните коментари под објава на интернет секој пат остануваме шокирани колку овде се наоѓа омраза, љубомора, навредување, омаловажување на сите оние кои мислат или се однесуваат поинаку и невистина и шега. Она што го објавуваме зборува за нас и го остава нашиот траг на јавниот форум, дури и да се сокриваме зад лажни профили или имиња. А она што го читаме свесно или несвесно има влијание на нас и на нашите погледи за светот. (…)

Исус убаво нè учи дека не смееме да изнесуваме лажни сведоштва за својот ближен. На многу стари народи кои дури не го запознале христијанството тоа исто така им било едно од природните начела. А нашето општество векови подоцна како да заборави да комуницира и покрај целокупниот напредок на комуникациските технологии, како да не знаеме повеќе да го уважуваме мислењето на другите и како вистината да ни стана ефтина роба за тргување.

А човекот наместо брат ни стана конкуренција, пречка, средство, роба па и волк. За жал сведочиме криза на дијалогот, озборување на секој чекор… „Ако некој не мисли како мене нека се тргне од мојот живот, нека се избрише од листата на моите виртуелни пријатели…“ Токму такви пораки секојдневно гледаме по социјалните мрежи . Како само ние да сме во право и како нашиот поглед на светот да е единствено исправен. А има и такви кои мислат дека ќе се воздигнат понижувајќи ги другите, па дури не штедат ниту зборови, ниту епитети за другите да ги прикажат во најлошо светло.

Еден пријател ми испрати интересна приказна за филозофот Сократ. „Како Сократ како познат мудрец еден ден го побарал еден човек и му кажал: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“ „Момент“ – одговорил Сократ, „пред да ми раскажеш би сакал да поминеш еден брз тест. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш го помина низ три сита?“ „Три сита“ „Да“ – одговори Сократ „пред да раскажеш некои работи за другиот добро е да си земеш малку време и да го просееш она што сакаш да го кажеш. Тоа го нарекувам тестот на трите сита! Првото сито е ВИСТИНАТА. Провери дали е вистина она што сакаш да ми го раскажеш?“ „Не, не сум. Не сум видел само слушнав како зборуваат.“ „Добро. Не знаеш тоа дали е вистина. Да се обидеме повторно: да се обидеме да го просееме поинаку сега ќе го земеме ситото на ДОБРИНАТА. Она што сакаш да ми го кажеш за пријателот, дали е нешто добро?“ „Не баш, токму спротивното! Слушнав како твојот пријател лошо се однесувал.“ „Па“ – продолжи Сократ – „сакаш да ми раскажеш лоши работи за пријателот, а не си сигурен дали се вистина. Тоа и не многу охрабрувачко! Сè уште можеш да го поминеш текстот затоа што остана уште ситото на КОРИСНОСТА. Дали е корисно да ми раскажеш за сè што мојот пријател направил?“ „Корисно? Па и не, не верувам дека тоа би можело да ти користи.“ „Па“ – заклучи Сократ – „она што сакаш да ми го раскажеш не е вистина, не е добро, не е корисно. Па зошто тогаш би ми раскажал? Не сакам ништо да знам од она за што сакаше да ми раскажеш и тебе ќе ти биде подобро сето тоа да го заборавиш.“

Навистина внимаваме ли што читаме, што пишуваме и што говориме за своите ближни? Дали сето тоа е вистинито, добро и корисно? Кога отвораме портали на интернет кои нè привлекуваат со атрактивни и често претерани наслови „кликајќи“ подигнувајќи им ја читаноста и заработката да се запрашаме – не колку „кликови“ има туку верувам ли во она што е објавено? Го сметам ли за важно и релативно она што е објавено? Дали е корисно тоа што е објавено? Дали информацијата е напишана професионално, објективно и урамнотежено? Она што го читаме и гледаме исто така нè одредува и има влијание на нашиот идентитет. Затоа имаме право да бидеме критични и високо да ги поставиме своите критериуми.

Од друга страна иако мислиме дека знаеме да комуницираме комуникацијата треба да ја учиме цел живот и одново да се прилагодуваме на секоја нова ситуација.

Божо Скоко/Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Колумни, Свет

За авторот