Во Битола прославен патрониот празник „Пресвето Срце Исусово“

Во Битола прославен патрониот празник „Пресвето Срце Исусово“

На 11 јуни 2021 година во претпладневните часови во парохиската Црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола беше прославен патрониот празник на парохијата. Светата свечена Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх во сосужение со дон Давид Ленин, парох во Битола, о. Марјан Ристов, канцелар, о. Оливер Тантушев, парох во Охрид, чесни сестри Усмиленки и мноштво верници.

Бискупот Стојанов во својата проповед меѓудругото рече: Денешниот празник Пресвето Срце Исусово е празник на Божјата љубов, што на нас луѓето ни се манифестира преку Божјиот Син Исус Христос.

Кога ние луѓето сакаме за некого да искажеме свој суд, тогаш сме едноставно среќни да кажеме какво срце има тој човек: дали е тој добар, благороден, нежен, милостив, дарежлив, храбар или е злобно срце, луто, завидливо, алчно, итн. Така, срцето е како симбол, знак место со кое некој сака да прикаже каков е човекот, какви се неговите квалитети; доблести, слабости, покајанија; што го решава како суштество, личност или го наградува на прекрасен начин; што носи во своето срце: добро или зло – без разлика дали тоа срце е полно со љубов или омраза. Срцето е особено симбол на љубовта.

На сличен начин зборуваме и за Божјото Срце, Исусовото Срце како центар на совршенството, особено љубовта, истакна бискуп Стојанов.

На крајот од светата Литургија дон Давид искажа благодарност до Неговото Преосвештенство, до браќа свештеници до с. Љубица Јозиќ, која го анимираше литургиското пеење како и до верници, кои со своето присуство го зголемија патрониот празник.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот