Верници од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица на поклонение во Скопје

Во сабота 11 окотмври 2014 година верници од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се упатија на ходачастие за семејства во Скопје. Ходачастието започна во парохиската Црква со молитва и краток вовед во поклонението, а продолжи за време на патувањето со света Бројница. Во скопската катедрална Црква Пресвето Срце Исусово пред светата Литургија и за време на исповедта повторно се молеше света Бројница. Светата Литургија ја предводеше о. Гоце Костов, кој во својата проповед ја истакна разликата помеѓу туристичко патување и ходочастие, односно поклонение.

На крајот од Литургијата Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов ги поздрави присутните поклоненици и искажувајќи ја својата радост упати зборови на охрабрување, поттикнувајќи ги ходочасниците да бидат преносители на верата.

Во Спомен куќата на Мајка Тереза поклонениците се помолија во капелата, а престојот во Скопје беше искористен да се посети Соборниот храм „Свети Климент Охридски, како и црквата „Свети Димитриј“. Групата ходочасници, составена од поголем број верници чиј претци потекнуваат од Кукуш и кукушко ја искористија можноста да го посетат и гробот на кукушанецот и македонски деец Гоце Делчев.

Ова поклениение е организирано од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица и е во склоп на парохиските активности за Година на семејството.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот