Бискупот Стојанов: Христос со нас сака да се сретне жив и вистински

Во недела 5 април во Скопската катедрала Пресвето Срце Исусово, Воскресението Господово Евхаристиското славење го предводеше монс. Киро Стојанов, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. Со бискупот сослужуваа скопскиот парох дон Давор Топиќ, директорот на Македонски Каритас, монс. Антун Циримотиќ и парохискиот викар дон Јошт Мезег.

По влезот со процесија и честитката на бискупот за Воскресението на почетокот од Мисата, следуваше поросување со вода, благословена во воскресната ноќ.

Во проповедта бискупот Стојанов рече: „Кај нас верниците постои постојано искушени празнувајќи одредени празници секогаш да гледаме во минатото, во времето кога се случил настанот шпто го славиме. Но со тоа многу го осиромашуваме самиот празник, бидејќи го сведуваме на нешто што било и чиј спомен денес само трае. Тоа не е добро. Тешко на нас ако Христовото воскрсение ви било само спомен, а не и сегашен настан. Дојдовме да го препознаме Христос во кршењето на лебот, прославен и воскреснат, вистински ни се појава, ни се покажа и ни се дарува. Тоа е моментот од светиот настан на Воскрсението Христово, во кое тој доаѓа и со нас сака да се сретне жив и вистински. Како настан Воскресението ги надминува нашите можности за спознавање, но не и верата. Спознавањето е ограничена само на разумот и сѐ што го надминува нашиот разум, ние секогаш го одбиваме како нереално. Верата која е милост од Бог и се дава на нашата душа. Тоа што телото не може да со спознае, душата може да го верува. Затоа овој празник е најголем за верниците“, истакна бискупот Стојанов.

За време на Мисата пееше катедралниот хор под водство на с. Татјна Атанасова.

По завршувањето на Мисата, и покрај дождот, младите од парохијата пред катедралата изведоа „flash mob“ за парохјаните, кои по поканата од парохот присуствуваа. Преку песни кои зборуваат за живот Бог и преку кореографијата посведочија дека и тие се соучесници на воскресната радост.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот