Амстердам: Жена – Мајка на сите народи

Од 1945 до 1959 година Блажена Дева Марија се објавила во Амстердам на Ида Пеердеман. Се претставила на 11 февруари 1951 година: Јас сум ЖЕНА – Марија – МАЈКА НА СИТЕ НАРОДИ. Харлемско – амстердамскиот епископ Јозеф Марија Пунт на 31 мај 2002 година ја потврдува автентичноста на Богородичните објави.

Објавите во Амстердам (Холандија) имаат длабоко значање: Марија во нашето време сака да биде достапна на сите народи и луѓе на нов начин под ново име. Таа сака да биде мајка на христијаните и на целото човештво. Секогаш одново упатува на Христос и на неговиот крст. Нејзиното послание во нашето време е да истапи напред како жена облечена во сонце и да го протера ѓаволот. Таа ги опоменува луѓето за лажните пророци…

Сепак, најнапред Таа донесува утеха. „Господ Исус Христос на светот сака да му искаже уште една милост, тоа е зборот, гласот на неговата Мајка, Жената на сите народи. Кога луѓето ќе бидат подготвени да слушаат и да молат ќе дојде Светиот Дух. Тогаш жената ќе може да ги води народите до покајание и мир.

Ида Пеердеман

Се родила на 13 август во 1905 година во Алкамар (Холандија) како најмлада од петте деца во семејството. Ида на 12 години има посебено искуство. Во сабота на 13 мај 1917 година кога се случило чудото со сонцето во Фатима и на Ида и се објавила во сјајна светлина додека излегувала од црквата да оди дома и „во бело облечена жена“ за која не можела да знае дека таа е Богородица. Тоа се повторило во наредните две саботи. Кога многу години подоцна ќе и се објави Богородица таа веданаш ќе ја препознае. Необични искуства и го исполниле животот. Како едноставна жена без образование и теолошки знаења соочена со сликите, зборовите и налозите кои ја збунувале често доживувала неразбирање, неверување и понижување. Умрела на 17 јуни 1996 година. На нејзиниот погреб епископот Х. Бомерс посведочил: „Беше апсолутно искрена и ја зборуваше вистината за она што го доживуваше.“

Пораките на Жената на сите народи

Доаѓањето на Марија како Жена на сите народи – нејзиниото прво објавување во Амстердам – било во тишина и едноставност при крајот на Втората светска војна на 25 март 1945 година, на Благовест. Ида во станот со своите сестри се грее на печката. Еден свештеник пријател на семејството бил во посета. Среде напнатиот разговор се случува нешто необично. Ида гледа силна светлина, а нејзината околина како да паѓа во бесконечна длабочина. Во таа светлина гледа небесен лик – „во бело облечена жена“ која почнала да и зборува и да и ја покажува Бројаницата. Така започнува првото од 56-те објави во период од 14 години и се објавуваат како „пораки на Жената на сите народи.“

Во првите 25 пораки Жената ја покажува најнапред силната слика за Црквата и светотот во втората половина од 20 век. Во времето на повторното градење и оптимизам кога никој ниту можел да насети какви удари ќе има на Црквата и на светот, Жената опоменува пред заканата за несреќа која го очекува човештвото. После толку години многу слики ни станаа разбирливи и многу пророштва се исполнија како што е воспоставувањето на еврејската држава (Израел), студената војна, спуштањето на човекот на месечината, војна на Балканот, пад на комунизмот, билолошко водење на војна, криза во Црквата. Таа опоменува за метеорите и промената во природата. Жената со право кажува: „Со години тоа ќе се воспоставува“ и „Знаците се во моите зборови.“

Марија сооткупителка, посредница и застапница

На 11 февруари 1951 година на денот на Богородица Лурдска Жената на Ида и покажува слика од епископите од сите земји со бели митри какви што тие навистина носеле во времето на Вториот ватикански концил во базиликата Свети Петар во Рим. Таа моли за промена во Црквата. Одеднаш дава една молитва која заедно со нејзината слика ќе се прошири по целиот свет. Молитвата е упатена до Исус Христос и моли за доаѓањето на Светиот Дух сега и во ова време затоа што: „Ова време е наше време“. И како наша застапничка на сите оние кои ќе ја молат ова молитва им ветува милост, откупување и мир. Молитвата и сликата ја подготвува и илустрира една нова догма последна и најважна маријанска догма: Марија сооткупителка, посредница и застапничка. Жената раскажува дека ова догма ќе предизвика противење, но кога ќе се навести ќе настане нов период на мир за човештвото.

Во многу пораки Богородица опоменува дека Црквата ќе оди низ тешко време. Ги повикува сите христијани да се обединат и повторно со крстот во рацете да истапат пред светото. „Спознајте ја сериозноста на времето. Пружете си рака! Засадете го пак Крстот среде светот! Вие сите сте одговорни за својата задача која треба да ја исполните во ова време. Не дозволувајте да ве води погрешен дух! Молете секој ден Господ Исус Христос Синот на Отецот да го испрати Светиот Дух на овој свет и Жената на сите нероди која некогаш беше Марија ќе биде ваша застапничка! Така нека биде!“

Амстердам ќе биде центарот на оваа движење и овде треба да се изгради црква ЖЕНА НА СИТЕ НАРОДИ. Од 31 мај 1954 година Богордица секоја година се објавува на тој ден. Во величествени видувања говори на нaродите и предупредува секогаш со големо нагласување на Евхаристијата „големата тајна, големото чудо секој ден, секој час, секоја минута.“ Објавите престануваат на 31 мај 1959 година со видување во кое Жената се појавува во својата небесна слава, а од една хостија како бел оган излегува Господовиот лик во целата своја слава и величественост. На овој ден – така таа пророкува – ќе биде крунисана  Жената како „Сооткупителка, Посредница и Застапница“. И осум месеци порано ја пророкува смртта на папата Пио XII.

Жена на сите народи

Кога пораките внимателно се читаат паѓа во очи дека токму новото име е резиме на трите догми. Доволно е да се отвори Светото Писмо и да се увериш во тоа. На четири места Марија се спомнува како ЖЕНА и тоа во оние прилики во кои станува збор за нејзиниот универзален мајчински повик. Во книгата Битие е ветена ЖЕНА која со својот Син ќе ја сотре главата на змијата, Жена во Кана Галилејска, Жена под Крстот на Калварија, Жена во откровението е Жената на сите народи затоа што страдала заедно со Откупителот на сите народи, за сите народи посредува за милост и за сите народи се застапува.

Едно од најубавите ветувања кое Марија го изговорила во Амстердам е: „Со ова име ќе го спасам светот. Со ова име ќе го спасам од светските катастрофи!“ (20март 1952/ 10 мај 1953).

Насловот. Марија и жена на сите народи на посебен начин го изразува сеопфатниот повик на Марија за сите народи, за сите континенти, за сите раси, за сите луѓе од сите религии затоа што Таа навистина е мајка на сите луѓе.

Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот