Ако денес го бараш Христос, побарај го во Црквата која светот ја мрази

Да не сум католик и кога би ја барал вистинската Црква во денешниот свет, би ја барал онаа Црква која не се согалсува со светот, со други зборови, би ја барал Црквата која светот ја мрази.

Причината за тоа би била следна: Ако е Христос присутен во некоја Црква во денешниот свет, луѓето ќе го мразат како што го мразеа за време на неговиот земски живот.

Ако денес го бараш Христос, побарај го во Црквата која не се согласува со светот.

Побарај ја онаа Црква која светот ја мрази, како што го мразеше Христос.

Побраја ја Црквата која се обвинува за заостаната, како што и Господ беше обвинуван за незнајко, кој не сака да се опамети.

Побарај Црква која светот ја гледа со подбив, како ниска класа, како што и Господ е отфрлен, бидејќи доаѓа од Назарет.

Побарај ја Црквата која ја обвинуваат дека е ѓаволска, како што и Господ е обвинуван дека делува во името на Велзевул, началникот на ѓаволите.

Побарај Црква за која во времињата на заслепеност зборуваат дека во Божјо име треба да се уништи, како што го распнаа Христос, со уверување дека на Господ му прават услуга.

Побарај ја Црквата која светот ја отфрла затоа што тврди дека е непогрешлива, како што Пилат го отфли Христос, бидејќи се нарече Вистина.

Побарај ја Црквата која светот ја отфрла, како што луѓето го отфрлија Господ.

Побарај ја Црквата која покрај спротивставените мислења нејзините членови ја љубат како што го љубат Христос и го почитуваат нејзиниот глас како гласот на самиот Основач.

И мислењето ќе расте, ако Црквата не е популарна во светот, не е од светот, а ако не е од светот, тогаш е од друг свет.

Бидејќи е од друг свет, неизмерно е љубена и неизмерно е презирана како што беше и со самиот Христос.

Но само она што е божествено може неизмерно да се презира и неизмерно да се љуби. Затоа Црквата е Божја.

Архиепископ Фултон Џон Шин

Битно нет/го*ко

За авторот