Филм за папата Фрањо

Бон, 30.4.2013 /к.мк/ – Германскиот режисер и продуцент Христијан Пешкен сака да го прикаже на филмско платно досегашниот живот на папата Фрањо, јавува германската католичка агенција за информирање КНА. Играниот филм треба да го прикаже животот на Хорхе Бергољо до неговиот избор за поглавар на Католичката црква, а филмот би требало да носи наслов: „Пријател на сиромашните: приказна за папата Фрањо“.

Пешкен (57) со потекло од Рајнланд, Германија кој работеше како режисер за многу германски телевизиски куќи и во Холивуд, исто така е и соработник на многу американски католички програми. За потребите на снимањето на филмот за папата разговара со италијанскиот новинар Андреја Торнели, автор на книгата за папата Фрањо. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*