Светиот Отец: Мајката Црква има многу деца

Ватикан, 23.4.2013 /к.мк/ – Денес 23 април е именден на Папата, кој е роден со граѓанско име Хорхе, односно Георги. Во капелата Паулина Светиот Отец во заедништво со кардиналите славеше света Литургија во чест на свети Георги, неговиот небесен заштитник. При тоа во неговата проповед тој истакна дека „Мајката Црква има многу деца“.

 „Таа е Мајка, која ни дава вера и идентитет. Но христијанскиот идентитет не е како некоја лична карта. Христијанскиот идентитет е припадност кон Црквата, кон Мајката Црква. Не е возможно да се најде Исус надвор од Црквата. Големиот папа Павле VI ќе каже: Апсурдна е противречноста, да сакаш да живееш со Исус, но не и со Црквата, да се наследува Исус надвор од Црквата, да го љубиш Исус надвор од Црквата. Оваа Мајка Црква, која ни го дава Исус, ни дава идентитет, кој не е само некој печат, туку припадност.“

Историјата на Црквата започнува со прогонства и да се биде христијанин не може, а да се нема тешкотии! Доколку отидеме малку на улиците од светот и ако сакаме да преговараме со светот, тогаш никогаш нема да ја искусиме утехата Господова. И ако бараме само утеха,тогаш таа ќе биде само површинска, не таа која доаѓа од Господ, туку човечка утеха. Црквата секогаш оди помеѓу Крстот и Воскресението, помеѓу прогонствата и утехата Господова. Тоа е патот: Кој го прифаќа, нема да оди по погрешен пат.

Верата мора да има „супстанција“ и да биде заразна, рече папата. Покрај неговиот именден, Папата во заедништво со кардиналите го прослави и својот 40 годишен јубилеј од полагањето на неговите монашки завети. На 22 април 1973 ги даде своите завети и со тоа стана член на монашката заедница Дружба Исусова. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<